„Нема правда, нема мир“ и „Оставка“ скандираа стотици демонстранти коишто и денеска излегоа на улица да бараат оставка од премиерот Никола Груевски и Владата. Носеа голем транспарент на којшто пишуваше „Збогум Никола“. Демонстрантите, како и претходно, прво се се обидоа да протестираат пред владата чија зграда и овојпат како изминатите десетина дена беше чувана од полицијата и протест на таа локација беше забранет. Протестот заврши пред Собранието во центарот на Скопје. Тие ги повторија своите барања и најавија протести се додека не бидат исполнети нивните три барања – оставка и преземање одговорност на Владата, итно ослободување на притворените во протестите и формирање на Влада која ќе ја врати демократијата во институциите.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.