Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Единаесетти ден од руската инвазија на Украина: Тешки борби за Мариупол, Миколаев и Чернихов

0
By Sashko on March 6, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: rferl.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинските и руските сили водат „тешки борби“ за контрола на градовите Миколаев на југот на земјата и за Чернихов на северот, јави утрово Генералштабот на украинската армија, додавајќи дека во тек е, исто така, и украинска воена операција околу Мариупол во источниот дел на Доњецк.

Градоначалникот на Мариупол порача дека ситуацијата во градот е „многу тешка“, дека градот е „под хуманитарна блокада“ и под силно гранатирање. Тој истакна дека има голем број на ранети во гранатирањата во последните денови и оти руските сили спречуваат испорака на храна и лекови.

Градот Мариупол повеќе не постои, рече тој.

Евакуацијата на цивили, според градските власти, е одложена бројните руски кршења на прекинот на огнот, додека Москва за тоа ги обвинува „украинските националисти“.

Шефот на војската во Доњецк кој е под контрола на руските сепаратисти, Едуард Басурин рече дека денеска повторно ќе бидат отворени коридори за безбедно минување на цивилното население во два града во тој регион – Мариупол и Волновака.

Притоа не кажа колку долго ќе биде отворен безбедниот премин, ниту дали ќе биде воведено примирје за олеснување на евакуацијата од двата града.

За утре е најавена трета рунда на преговори меѓу Украина и Русија, истакна членот на украинската делегација, Давид Арахамија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера предупреди дека секоја земја што ќе се обиде да наметне зона на забранети летови над Украина од Русија ќе се смета како учесник во војната. Тоа е едно од барањата на официјален Киев, а НАТО веќе го исклучи како можност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.