Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Вашингтон побара став од Стејт департментот за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Овој инаку познат албански лобист, изјави дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега се создадени сите околности нејзините делови да им се дадат на соседните држави, како Косово и Бугарија.