Малезија го отповика својот амбасадор во Северна Кореја во време на тензии меѓу двете земји по смртта на Ким Јонг нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун, за кого има сомнение дека е отруен на аеродром во Куала Лумпур, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на оваа земја. И покрај противењата на Пјонгјанг, Малезија изврши обдукција на телото и одбива да го предаде телото на Сверна Кореја.