Еврокомесарот Јоханес Хан на крајот од посетат оцени дека ќе треба уште да се преговара за доброто и интересите на државата и дека на партиите им е потребно уште време за договор. Станува збор за квалитет, а не за брзина. Партиите треба да продолжат да се договараат и да демонстрираат демократска зрелост, изјави денеска еврокомесарот Јоханес Хан по неговата средба со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.