Романскиот министер за правда Флориан Јордаке денеска поднесе оставка поради спорната владина уредба за декриминализација која е повлечена по повеќедневните масовни протести и осудата од меѓународната заедница. Владата, која вчера го преживеа гласањето за доверба во Парламентот, ја повлече уредбата, но сега планира да ја спроведе во вид на закон.

