Повеќе ресторани, помеѓу кои и многу познати места во Вашингтон, денеска одлучија да ги затворат вратите во знак на протест поради политиката на Доналд Трамп кон имигрантите. “Имигранти без документи, граѓани, имигранти од целиот свет, обединете се!”, може да се прочита на социјалните мрежи во повикот да се поддржи овој штрајк на незадоволство од анти-имигрантската политика на Трамп.