Министерство за земјоделство побарало објаснување од Хрватска за новите нетарифни бариери за увоз на вино и најавуваат дека се размислува и за воведување на реципрочни мерки за увезените производи од Хрватска. Од 1 јануари годинава во Хрватска на сила стапи нов правилник за увоз на вино од трети земји каде спаѓа и Македонија.