Едно лице загина, а седуммина се повредени при експлозија на барут за време на истовар на муниција во руска воена база во населбата Тејсин во областа Амур, регионот Хабаровск, изјави извор од Службата за вонредни ситуации за ТАСС.
„Како резултат на експлозија на барут за време на истоварање муниција, седум лица се здобиле со полесни повреди. Едно лице го изгуби животот“, тврди изворот.
Пожарникарите успеале за брзо време да го локализираат.