НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еднодневна Егзит забава на 7 септември во Струмица

0
By Sashko on July 29, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еднодневна „Get EXITed“ забава во организација на тимот на „ЕГЗИТ Фестивалот“ и во соработка со Општина Струмица ќе се одржи на 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент на влезници.

Единствениот концепт на овој музички настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која се обратија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставник на ЕГЗИТ.

„„Get EXITed“ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“, изјави по овој повод градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Претставничката на „Егзит Фетивалот“, Зорица Чанадановиќ подвлече дека во семејството на ЕГЗИТ настани се придружува и Северна Македонија.

„Една од основните визии на овој проект е вовед во креиреањето на новиот македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но, во овој момент фокусот ни е на големата „Get EXITed“ журка. Многу сме возбудени што конечно ќе се собереме со нашата македонска екипа“, порача Чанадановиќ.

„ЕГЗИТ“ е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, која има свои девет фестивали во седум држави. Покрај матичниот фестивал, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, ЕГЗИТ досега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Еховејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

ВЕСТИ August 11, 2025

Тројца офицери од танкерот „Игл С“ се обвинети во Финска под сомнение за оштетување на…

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.