Каиро: Египет ги известил Израел и Иран дека нема да биде дел од процесот на ескалација во регионот по атентатот на политичкиот лидер на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханија.
Каиро го информираше Техеран дека ќе го затвори својот воздушен простор за секоја воена акција што би ја загрозила регионалната безбедност и дека оваа мерка не треба да се гледа како непријателски однос кон Иран, туку како начин за заштита на интересите и суверенитетот на Египет.