Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ех, мајка Русија, никогаш засакана

1
By Биљана Секуловска on December 16, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преписката помеѓу американската и руската амбасада за загадувањето во Македонија е една од највозбудливите во последно време, верувам дека ја знаете напамет, но накратко, дозволете со сласт да ја прераскажам.

Идејата на Американците на Твитер беше едноставна, следејќи го очајот кој не завладеа сите со смртоносниот смог: да излезат граѓаните со идеи за почист воздух.

Рускиот славен хумор со примеси на цинизам, особено интригантен во политичките препукувања експресно се наметна со одговор, се разбира на истиот Твитер: Со оглед на тоа што нашите пријатели од американската амбасада бараат идеи, сакаме да помогнеме со решенија: турскиот тек.

Но, не, тоа не може да застане тука. Следува американскиот амбасадор со одговор, со ништо помалку дух од неговите руски пријатели, кој го парафразирам: уште еден руска цевковод нема да доведе до она што ни треба- чист воздух. Се разбира дека САД поддржуваат да биде донесен гас во Македонија, додава тој.

Сета ова политичко надмудрување, ме потсети на еден дијалог за карамазовштината, за животот по секоја цена, макар и без смисла, но и за слободата и совеста:

“Тајната на човечкото битие не е само во живеењето, туку и во тоа: зошто да се живее.

Наместо стародревниот закон, човек има сега со слободно срце да решава сам што е добро и што е зло, имајќи го како раководство само твојот лик пред себе- но, зар не помисли дека ќе го отфрли и оспори дури и твојот лик и твојата вистина, ако го притисне така страшниот товар како што е слободата на изборот?”

Е, да, таа слобода на изборот ги зоврива сите досегашни неволји, претходно ги замесува, премесува, ги вага, тие вријат, стенкаат, се препекуваат понекогаш, ако се направи лоша проценка, но на крајот- сепак испаруваат, како да ги немало. Можеби само точки ќе останат на шпоретот, да не потсетат во што сме можеле да се претвориме, ако сме направиле лош избор.

Ве молам, кому Русија не му е драга, сентиментот и жарот со кој зборуваме за нивните писатели, зарем сте прочитале нешто подобро, поезијата заради која сме подготвени да не прогласат за креатури од патетика, тие страдања ве молам, е, тие се вековни страдања, за кои до денес знаеме, и тоа затоа што и до денес постојат.

Сакате со име и презиме да ги набројам само новинарите ( а тука се и активисти, опозиционери…) кои се убиени, претепани, во затвор, малтретирани во Русија? Затоа што не е доволно името само на славната Ана Политковскаја, не е само доволен ни датумот, ниту годината, затоа што не е само еден датум, ниту само една година. Сепак, запаметете го овој датум- 15 декември, Ден за помен, за сеќавање на новинарите убиени додека ја извршувале својата работа.

Знаете што велат бројките? Некои меѓународни монитори говорат за неколку десетици мртви новинари, додека извори во Русија оперираат со бројка од 200 убиени новинари- сите жртви на теророт на Путин.

Тоа е таа наша мајка Русија- никогаш ние, дури и во бивша Југославија, а сега и не станува збор, ние никогаш не сме имале за неа особена носталгија, цврсти врски, нераскинливи, допирни точки во политичка смисла. Единствениот наш копнеж, кој се уште трае, е руската литература, старите класици, заради кои ги имаме резервирано и последните наши часови од животот- да не испратат со нив.

Ех, времето тешко, бавно поминува, се уште сме далеку од таквите краеви. Но, дотогаш путиновското помрачување не е нашиот избор, како што не беше ни сталинизмот, кога се правеа некакви животни избори.

Слободата на тој избор ја кажувавме гласно и во време на груевизмот, тогаш кога самиот Груевски потонуваше се подлабоко и замислуваше дека треба да не одвлечка со него во бездната на путиновска Русија.

Дилеми никогаш не сме ни имале за нашиот избор, тоа конечно го покажавме со нашиот избор за Шарената револуција и за политиките на Заев.

Колку Груевски не ја познаваше историјата на овие народи тука, колку ништо не знаеше за нас, колку мајка Русија никогаш не ни била ниту во мислите, ниту пак сме ги делеле неговите сништа- ништо од ова тој не знаеше.

И така тоа и изгледа- кога доаѓа крајот на еден политичар како Груевски, длабоко забразден во путинизмот, кој самиот го избра и во кој само тој потона.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.