НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК со најава за скорешен шести пакет на санкции против Русија

0
By Sashko on April 25, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) потврди дека се работи на шести пакет на санкции против Русија, но никакви детали за нивната содржина не се соопштуваат, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска го потврди портпаролката на ЕК, Дана Спинант, на редовниот брифинг за новинари.

„ЕУ до сега покажа дека е подготвена да оди далеку во воведувањето санкции чија цел е да се сопре (рускиот претседател Владимир) Путин во неговата нелегална војна против Украина. Ќе преземеме остри и брзи мерки, во солидарност со ЕУ земјите и меѓународните партнери“, изјави Спинант попладнево.

Главниот камен на сопнување во ЕУ е воведувањето на силни санкции во областа на енергијата, посебно нафтата и гасот, од кои се зависни бројни земји членки, но такви драстични мерки засега ги кочи Германија.

Портпаролката не сакаше да даде детали за содржината на санкциите, ниту дали ќе бидат поврзани за енергетскиот сектор, потсетувајќи дека дебатите за санкциите во ЕУ се водат тајно.

„Не можеме однапред да дадеме детали за роковите и содржината, затоа што доверливоста е многу важна работа во дебатите помеѓу земјите членки, рече таа, не можам да дадам содржински елементи, но решени сме да одиме напред со нов бран санкции против Русија“, рече Спинант.

Европската Комисија ги предлага пакетите на санкции по претходна консултација со сите чинители во ЕУ за да обезбеди едногласност при усвојувањето на пакетот од страна на земјите членки. Извршната власт на ЕУ уверува дека ќе преземе „ефикасни санкции во најкус можен рок и со единство помеѓу земјите членки“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.