Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК започнува постапка против Грција, Хрватска, Малта и Италија заради мигрантите

0
By Нова ТВ on December 10, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија денеска усвои одлука за започнување постапка против Грција, Хрватска, Италија, Малта и Унгарија поради повреда на правото на мигрантите, поради нецелосно спроведување на заедничкиот европски систем за азил.

Против Унгарија, ЕК покрена постапка поради законот за азил кој таа земја неодамна го усвои, а денеска Будимпешта упати и официјално соопштение за тоа, се наведува во соопштението од Комисијата.

Комисијата утврдила дека Унгарскиот Закон за азил во некои точки не е во согласност со Законот на ЕУ, односно со Директивата за азилска процедура и Директивата за права на толкување и превод во кривичните постапки.

Комисијата потсетува дека веќе ги разгледала законските амандмани кои Унгарскиот Парламент ги усвои во јули и септември и упати административно писмо до Будимпешта во кое ја истакнува својата загриженост.

ЕК е загрижена што Унгарија практично ги присилува барателите на азил да ја напуштат територијата пред истекот на рокот за жалба на одлуката за азил или пред воопшто жалбата да биде разгледана, како и поради тоа што унгарскиот закон за брзи кривични постапки за илегално преминување на границата, не ги почитува одредбите од Директивата на ЕУ за право на превод во такви постапки.

И како трето, ЕК и укажува на Унгарија дека го крши законот на ЕУ со тоа што на барателите на азил им го ускратува правото на праведно судење кога станува збор за судска ревизија на одлуката, со која се отфрла барањето за азил при што сослушувањето на подносителот на барањето е незадолжително.

Унгарските власти имаат рок од два месеци да и одговорат на Комисијата.
Европската комисија, исто така, денеска ги повика Грција, Хрватска и Италија на исправно спроведување на Уредбата за базата за податоци на ЕУ со отпечатоци од прстите на барателите на азил (Eurodac) со која се овозможува ефикасно земање отпечатоци на барателите на азил и пренос на податоците во централниот сиситем на Eurodac во рок од 72 часа.

Како што се објаснува, ефикасното спроведување на оваа уредба е клучно за функционирање на Даблинскиот систем и програмите за релокација на мигрантите во ЕУ.

ЕК потсетува дека во врска со ова, уште во октомври упатила и официјални дописи до Грција, Хрватска и Италија, но дека и два месеци подоцна, истите проблеми не се ефикасно решени и како што се истакнува, Комисијата денеска одлучила да упати и официјални опомени до трите змеји, што е прв чекор на постапката поради повреда на правото.

Комисијата, исто така, ги повика Грција и Малта да ја известат за националните мерки што ги преземаат за целосно пренесување на Директивата за постапките за азил, со која се утврдуваат заеднички постапки за признавање и одземање на меѓународна заштита и Директивата за условите на прифаќање, со која се уредува пристапот кон условите за прифаќање на барателите на азил, додека чекаат да им бидат разгледани брањата.

Во соопштението се наведува и дека, откако што ќе ги примат официјалните опомени, државите – членки имаат рок од два месеци за одговор, а во недостаток на задоволувачки одговор или известување за националните мерки, ЕК може на крајот од процедурата да ги упати овие земји – членки пред Судот на ЕУ и да му предложи на Судот изрекување на финансиски санкции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.