Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ексклузивно: Што потпиша македонската влада со Катар

0
By Сашка Цветковска on September 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веста дека македонската влада потпишала договор со владата во Катар за да можат македонските жени да одат да работат како слугинки во оваа држава од Блискиот Исток одекна на блоговите. Иако македонски делегации на високи функционери одеа на посети во Катар и таму најавуваа работа за квалификуваните Македонци, сепак, договорот за слугинки кој го потпишале не одекна со оној интензитет со кој обично одекнуваат владините „зделки“ по шетањето во странство во лов на инвеститори.

Договорот се уште не е јавно објавен, а за неговото постоење известија умешните блогери кои успеаја да ја најдат оваа вест на веб страницата на катастарското министерство за надворешни работи. НОВА дојде до договорот во чија подготовка учествувале министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за труд и социјална политика Спиро
Ристовски заедно со замениците од ресорните министерства. Заедно со катарските претставници тие составиле и нацрт-договор за работодавачите и работничките кој треба да претставува основа за индивидуалните договори.







Фотографии од нацрт – индивидуалниот договор помеѓу работникот и работодавецот




.

НОВА го контактираше Движењето за социјална правда ЛЕНКА кои беа помеѓу првите кои упатија критики за овој договор опишувајќи го како легален начин да се испраќаат робинки од Македонија во Катар. На претставникот на Ленка Димитар Апасиев му го приложивме договорот и побаравме мислење од него за механизмите на заштита кои овој договор ги содржи. Еве кои се забелешките од анализата на ЛЕНКА:

1. ЗА ТЕКСТОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДОГОВОР
а) Нашето МТСП е ставено во пасивна улога vis-a-vis Катарското – бидејќи неговата улога се сведува само на обезбедување информации, а не и на активна заштита на работничките права во случај на прекршување на договореното.
б) Пречесто е повикувањето на трудовото право на Катар и на нивните „локални обичаи“ – кои за нашите граѓани се тотална непознаница.:
2. ЗА ТЕКСТОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (во Анексот) симпроматични се:
а) чл.2, ст.Б => воведува „нераскинливост“ на договорот со запретување од казна т.е. плаќање на сите „долгови“ на работникот кон работодавачот!?
Тоа очигледно е еден вид на „присилна работа“, само дадена во еуфемизам и завиткана во правен целофан.
б) чл.5, ст. А => воведува шестдневна работна недела (а не пет – како кај нас т.е. има само еден ден платен одмор неделно)
в) чл.9, ст. А => работникот плаќа „казнени пенали“ за незавршената работа!? Не е јасно дали работодавачот сам ќе му ја одредува висината!?
ст. Б => забранува „втора работа“ кај друг работодавач т.е. воведува т.н. „конкурентска клаузула“ што би значело дека ако работникот најде подобра работа, ќе не може да се префрли.
ст. В => забранува политичка активност (не е јасно дали и синдикалното членство се подведува под ова)
и забранува религиозна слобода (т.е. го приморува нашиот работник да ги почитува „локалните [читај исламски] обичаи“ и традиции.

НИТУ КАМБОЏА НЕ ГО ПОТПИША ОНА ШТО ГО ПОТПИША МАКЕДОНОЈА
Македонската и босанската влада се единствените на Балканот кои ги потпишаа овој договор со земјите од Катар. Освен со овие земји, Катар досега има потпишано договор за домашни слуги и со Филипини, Непал и Индонезија. По сериските инциденти и злоупотреби на жените кои работат како слугинки таму, овие земји се трудеа да ги изменат договороте и да внесат повеќе заштитни механизми во истите. Интересно е што државата Камбоџа одби да го потпише истиот договор кој го потпишаа Македонија и БиХ поради, како што тврдеа, недоволно заштитни мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на нивните сограѓани. Оттука, во анализата на Balkanist се упатија серија критики на адреса на овие две балкански влади.
„И кога на Камбоџа и беше понуден истиот договор како на Македонија и БиХ, земјата рече дека не го прифаќа.

Спротивно на тоа, балканските влади не ставија било какви заштитни мерки за да се обезбеди жените од Македонија и БиХ да не завршат недоволно платени, експлоатирани, злоупотребувани или мртви . Причините да се испратат жените од Балканот на работа во Катар се стапките на невработеност. Босна, Косово и Македонија ги имаат едни од највисоките стапки на невработеност во Европа“, пишува Балканист.
МОДЕРНО РОПСТВО ЗА 200 ДОЛАРИ ПЛАТА
Анализата на Балканист е една од многуте вакви на тема слугинки во Катар. И светските медиуми се почесто се бават со ова таканаречено „модерно ропство“. Подолу во тектсот следува дел од сторијата на Балканист.
-Кошмарот на куќните работнички во Катар често започнува на овој начин: Додека се сеуште во својата земја, идниот работодавец на помошничката потпишува договор за исплата на одредена плата . Откако ќе пристигне, работодавецот ја намалува платата . И кога е веќе таму, невозможно е да се направи нешто друго освен да се прифати пониска плата. Таа не би можела да ја напушти државата без одобрение на нејзиниот работодавец.

Под закрила на „кафала“ системот на Заливот овој начин на екплоатација е многуброен, каде што „спонзорот“ односно работодавецот е всушност сопственик на вработениот од странство. Куќните помошнички не смеат да ја напуштат земјата, да изнајмуваат апартман, да менуваат работни места, да отвораат банкарски сметки, или да се здобијат со возачка дозвола без согласност на спонзорот. Визата на помошничките се исто така поврзани со работодавците, така да кога би се откажала – дури и поради физичка злоупотреба или неплаќање, нејзината виза станува автоматски невалидна. Таа станува илегалец подложен на тешки казни па дури и затвор.

Исто така вообичаено е за работодавецот да ги принуди да ги предадат патните исправи, вклучувајќи ги и пасошите, и да ги задржат предметите за времетрањето на договорот. Ова значи дека домашните работнички се буквално заглавени во Катар.

Спонзорот исто така мора да преземе целосна правна одговорност за дејствијата на нивните вработени, нешто што некои спонзори го користат како изговор да ги лишат работничките од „привилегии“, како на пример правото да поседуваат мобилен телефон или право на слободен ден.

Една жена на Qatarliving.com за помошничките напиша: „Ако им дадеш слободен ден тие одат и имаат секс“. Другите се чини се согласуваат со неа – нема слободни денови. Друга објаснува дека ја чува својата помошничка затворена со фамилијата цело време, со придружба до продавниците за купување санитарии. Друга пишува дека инсталирала скриена камера во малата спална соба на помошничката.

Некои од малтретирањата претрпени од страна на домашните работнички во Катар се болни за читање.

Неодамна, 17-годишна помошничка беше силувана повеќепати од страна на нејзиниот работодавец од денот кога пристигнала во Катар. Тепања и вербална злоупотреба се честа појава . Малтретирањето на странските работници стана речиси нормална работа, а тоа ги влоши релациите на Катар со неколку земји.

Непал, Филипините, Индонезија сите тие имаат несогласувања со Катар околу условите за работниците. Така, емиратот мораше да бара евтина работна сила на друго место.

Катар сега се надева на ангажман на куќни помошнички од Македонија, БиХ, и Косово бидејќинема потреба „да им гарантира одредени права“ или минимална плата. Според Агенцијата Ел-Алавја во Доха, Македонците и Босанците заработуваат минимум 190 долари на месец.

На основа на работни часови тоа е плата која му се дава на роб . Просечниот обем на работа е околу 60 часа неделно, но 100 часа работа се доста честа појава. Со месечната плата на македонските и босанските куќни помошнички се работи за околу 0,48 долари на час.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.