Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Државата мора да финансира во превенција од ХИВ и дроги

0
By Менче Атанасова Точи on September 26, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата треба да се изнајде начин на финансирање  за третман за намалување на штети од употреба на дроги бидејќи третманот кој ги покрива севкупните потреби дава најдобри резултати, тврди за НОВА,  Јири Рихтер извршен директор на САНАНИМ, една од најголемите невладини организации кои се занимаваат со обемни услуги во областа на превенција, лекување и ресоцијализација на зависниците  од дрога, со поддршка од државата. Тој смета дека на Македонија и е потребно стабилно и постојано финансирање и сервиси.

Според него,  Македонија нема  тело кое ќе одлучува по однос на превенцијата од ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги, а нема ниту  политичка личност која ќе биде одговорна за овие прашања.

„Чешка има направено многу грешки, но можам да кажам дека многу е важна соработката меѓу државата, академските институции и граѓанскиот сектор. Третманот кој што ги покрива севкупните потреби на клиентите  секогаш дава најдобри резултати бидејќи имате најразлични потреби на луѓе кои 10 години користат канабис од луѓето кои 14 години се на хероин, на пример. За вас како држава можам да кажам дека немате  тело за превенција кое ќе биде активно и одговорно, тело што ќе креира политики и ќе има рамка на делување. Кога ќе го има ова, дури тогаш системот ќе биде ефективен и корисен за јавното здравје.“, вели за НОВА,Јири Рихтер озвршен директор на САНАНИМ.

Според него, во моментот Македонија се соочува со проблемот со дроги кои се увезуваат од надвор,  додека во Чешка најголем  проблем се метамфетамините од домашно производство.

Чешка има најголема најголемата терапевтска заедница во Европа за која се трошат големи финансиски средства, но според анализите тоа е и многу ефективен систем, објаснува Рихтер.

„Да, трошоците се големи , тоа е најтежок систем за финансирање. Но доколку  соодветно се вметне во системот  на државата, тоа значи дека 70 луѓе успешно би го завршиле тој третман и нема да се вратат повторно на дрога. Ако се направи анализа врз социјалното влијание може да се каже дека е многу ефективен систем“ вели Рихтер.

Во Хрватска, пак превенцијата и третманот се врши преку заводите за јавно здравје во секоја општина, а ги има во вкупно 21 општина. Сето тоа го финансира државата, а дел од средствата се одвојуваат и од игрите на среќа.

„Само терапијата се спроведува во ординациите, се останато како што е превенција, тестирање , советување, психотерапија и слично се врши во заводите за јавно здравје.  Се ова покрива државата, терапијата е на товар на здравственото осигурување, а дел е финансирано и од Министерството за здравство како и од средствата кои се одвојуваат од игрите на среќа“, изјави Татјана Немет Блажевиќ од Заводот за јавно здравје на Хрватска.

Македонија веќе нема меѓународни фондови на финансирање затоа државата треба да ја преземе одговорноста и овие програми да се финансираат од националниот буџет, вели Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

“Опфатот со третман е превенција на ХИВ. Недостасува рехабилитација и ресоцијализација на зависниците од дрога. И кога ќе има средства мора да се има механизам како ќе се даваат средствата на граѓанските организации, не смее да има задоцнување ниту еден ден бидејќи затворање на програмите ќе значи враќање назад. Тоа социјално партнерство меѓу граѓанските организации и државата не треба да биде само на хартија бидејќи тие работат со ранливи групи до кои државните институции не доаѓаат“, рече Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

На меѓународната конференција „Модели за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги“, која се одржа денеска во Скопје, се зборуваше за европските искуства во однос на моделите за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги кои ги спроведуваат граѓанските организации, како и тоа кој е  најсоодветен модел за Република Македонија. Конференцијата ја отворија Христијан Јанкулоски, извршен директор на ХОПС, Мила Царовска , Министерка за Труд и социјална политика,  Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство и доц. д-р Венко Филипче, Советник за здравство во Кабинет на претседателот на Владата на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.