Серија експлозии се слушнале рано утрово во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков. Според него, гори складиште за муниција.
Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка.
Русија овој месец ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород и дека гаѓала неколку села во таа покраина.
Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Лугаск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеца.