Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстремната десница и евроскептиците потфрлаат- излезноста на гласачите зголемена

0
By Борјан Јовановски on May 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска се гласа во 22 земји членки на ЕУ. Во седум веќе се гласаше и од таму доаѓаат добри вести за иднината на европската конструкција. Во Холандија победија Социјалистите исто како и во Малта. Во Словачка, Латвија  и Чешка  либералите,  додека во Ирска голем успех бележат Зелените.

Овие првични, неофицијални резултати кои најавуваат победа на проевропски ориентирани полтички партии се спротивни на прогнозите кои очекуваа голем пораст на пратенички места за екстермната десница и евроскептиците. Во прилог на овој пресврт во очекувањата е и јасно зголемената излезност на гласачите која се очекува да биде во корист на проевроспките политички сили.

Во големи земји членки како Франција, Романија и Унгарија излезноста до 13 часот е зголемена за 5 проценти во однос на европските избори кои во овие земји се одржаа пред 5 години во 2014 . Слични зголемување на излезноста има и во помалите земји членки како Естонија. Данска, Хрватска, Латвија и Шведска. Зголемената излезеност според аналитичарите се должи на најавите дека екстремистите и евроскептиците на овие десети по ред избори за европскиот парлемент ќе влезат на голема врата.

Сега фокусот е насочен кон исходот на гласањето во Франција и Италија од каде се очекува и најголемиот контингент на екстермисти. Во Италија е најавена победа на Лигата на актуелниот министер за внатрешни работи Салвини додека во Франција последите истражувања на јавното мислење покажаа дека таму ќе се води мртва трка помеѓу либералите на Макрон и екстермната десница на Ле Пен. Последното истражување покажа мала предност за Ле Пен, но зголемената излезност би можела да биде во корист на Макрон.

Конечните официјални резулатати ќе бидат објавени вечерва околу 22 часот во Европскиот парламент во Брисел од каде што преку илјада дописници од целиот свет ја следат оваа изборна трка. Според најавите, кон полноќ во седиштето на ЕП во Брисел се очекува да пристигнат и двајцата таканаречени шпиц кандидати за наследници на актуелниот шеф на Европската комисија Јункер, Холанѓанецот Тимерманс како кандидат на Европските социјалисти и Германецот Вебер, кој е кандидат на Европската народна партија.

Нивните амбиции да застанат на чело на европската извршна власт во голема мерка зависат од конечниот исход на овие избори. Вебер е фаворит како дел од Европската народна партија која ќе освои најголем број на пратенички места но неговата амбиција е загрозена поради кризата во неговото политичко семејство настаната околу неговата кандидатура. Значен дел во Европската народна партија го фаворизира Французинот Мишел Барние , актуелен преговарач на ЕУ за Брегзит. Тимерманс зад него ги има Европските социјалисти кои ќе го освојат второто место, но како негова предност сега се смета големата и неочекувана победа која ја забележа на изборите во Холандија кои се одржаа во четвртокот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.