Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека операцијата во руската област Курск е апсолутно чесно и дека Украина ја враќа војната „таму од каде што дојде“.
Штотуку се вратив од нашиот регион Суми, од границата, од оние области кои се граничат со непријателот и каде што нашите единици се исклучително ефикасни во одговорот на инвазијата на Русија. Со испраќање на војната таму од каде што Русија ја донесе во нашата земја, ние ја испраќаме дома, и тоа е апсолутно чесно, но покрај правдата, тоа е и многу ефикасно, рече Зеленски на 7-миот годишен форум на ветераните.
Украинскиот претседател нагласи дека за да се стави крај на војната, неопходно е да и се создадат што повеќе проблеми на руската држава на нејзина територија.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.