Во тензична ситуација, создадена од демократите на Сали бериша со уфрлување навредливи зборови, фрлање хартија и блокирање на собраниската говорница, за што мораше да интервенира и обезбедувањето, доцна папладнево албанскиот парламент избра нова претседателка на законодавниот дом и четворица министри во владата на премиерот Еди Рама.
Сите беа избрани со гласовите на владејачкото мнозинство. Апстинираа пратениците од Партијата за национално единство,партија та на Чамите, а против гласаа дел од опозициските пратенци, дел ја науштија салата.
Прв парламентарец од денеска е 41 годишната Елиса Спиропали која доби поддршка од 75 пратници.
Од 2019 година до денеска таа беше државен министер за односи со парламентот