22 годишната Ема Вотсон која се прослави како другарката на Хари Потер, Хермиона – сака да покаже дека е возрасна. Таа позираше гола за новата книга фото книга наречена „Природна убавина“ (Natural Beauty).
Фотографиите на Вотсон се дел од серијата во која се прикажани и други познати личности за кампањата „Global Green USA“, која се залага за подигање на еколошкота свест.
По улогите во „Хари Потер“, Вотсон се обидува да го смени својот имиџ, па во новиот филм на Софија Копола „Bling ring“, таа се појавува оскудно облечена и во негативен лик.