Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емануел Макрон е последниот европски лидер со кој разговарал Путин

0
By Mirjana on March 2, 2022 СВЕТ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советниците на Емануел Макрон велат дека неговиот разговор со Владимир Путин во понеделникот бил искрен и тежок. Францускиот претседател успеал да добие неколку ветувања од рускиот лидер, но Париз се сомнева дека Путин ќе ги исполни.

Телефонскиот разговор во понеделникот попладне меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин траел 90 минути. Може да се замисли колку била тешка дискусијата која траела половина час кога едниот учесник и објави војна на Украина, а другиот се приклучи на европскиот фронт кој воведува строги санкции кон Русија. Затоа, расположението во кабинетот на Макрон во  Елисејската палата, во понеделникот вечерта не било премногу оптимистичко.

Советникот на Макрон рекол дека тоа била отворена и силна дискусија – што веројатно значи, кога ќе се преведе од дипломатски на народен јазик, дека разговорот бил прилично конфронтирачки и груб. Како што беше случајот за време на претходната посета на Макрон на Москва, рекол советникот, францускиот претседател се најде соочен со руски лидер кој стана заробеник на неговиот сопствен поглед на светот.

„Постојано се обидувавме да му укажеме на Путин дека има други опции освен војна“, рече блискиот советник на Макрон. „И дека нашите сојузници не охрабруваат да го сториме тоа. 

Советникот рече дека францускиот претседател ја покажал својата длабока загриженост и му посочил на Путин сè што е геополитички загрозено. Тој рече дека рускиот претседател му одговорил на Макрон на многу „клинички ладен“ начин.

Сепак, Макрон успеал да извлече неколку ветувања од Путин, но претставниците на Елисеј не се сигурни дека вредат многу, додавајќи дека ситуацијата ќе треба внимателно да се следи во наредните денови. Макрон го повика Путин да престане со нападите врз цивили и станбени области, да избегне оштетување на цивилната инфраструктура и да се воздржи од напади врз главните транспортни артерии на Украина, особено на патот што води од југ до Киев. Според официјалното соопштение од Елисејската палата, рускиот претседател ја потврдил подготвеноста да ги почитува сите три точки.

Двете страни се согласиле да одржат контакт во наредните денови – ветување што го прави Макрон единствениот европски лидер со кој Путин сè уште зборува.

Од самиот почеток на неговото претседателствување, Макрон се обиде да изгради посебен однос со Путин. Само неколку недели по неговиот избор во мај 2017 година, тој го прими рускиот претседател во величествените сали на Версај. Две години подоцна, без претходно да се консултира со другите европски лидери, тој го покани Путин во претседателската куќа за одмор во Форт Брегансон на Азурниот брег. Самитот на Г-7 се одржа неколку дена подоцна во Бијариц – настан од кој Русија беше исклучена откако го анектираше Крим во 2014 година. Во тоа време, многумина го сметаа состанокот во пресрет на самитот како намерна провокација.

Макрон одговори велејќи: „Колку повеќе правиме за повторно да ја приближиме Русија до Европа, толку подобро ќе биде. Јас сум убеден во тоа“. Русија е дел од Европа и не може да биде оставена на влијанието на Кина, им рече тој на критичарите.

Но, Макрон, исто така, забележа во последните недели дека Путин во 2022 година е сосема поинаков од рускиот лидер што го покани во Версај пред едвај пет години. По речиси шестчасовниот разговор со рускиот претседател во Москва на 7 февруари, Макрон на новинарите кои патуваа со него во авионот им речкол дека бил сведок на променет човек во Кремљ. Тој рече дека Путин станал понепопустлив и поригиден и дека изгледал изолиран.

МАКРОН Е ПОСЛЕДНИОТ ПОЛИТИЧАР СО КОЈ ПУТИН РАЗГОВАРАЛ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.