Официјалниот фотограф на Емануел Макрон објави неколку фотографии од „зад кулисите“ пред вториот круг на претседателските избори во Франција. На една од сликите, сегашниот претседател позира во лежерно издание со раскопчана кошула, а во преден план се неговите влакнести град.
Според некои медиуми, Макрон со ова сака да ги привлече младите гласачки и гласачи, кои во првиот круг најмногу ја поддржаа неговата противкандидатка, десничарската политичарка Марин Ле Пен.
„Кој би помислил. Макрон има вистински „љубовен тепих“ на градите. Победата сега е загарантирана, бидејќи ова го открива неговото тајно оружје во пресрет на конечната пресметка“, „Овие влакнести гради се фотошоп“, „Боже, би можел да наполнам душек со тие влакна“, се само дел од бројните коментари за сликата.
Имаше и такви кои го споредија францускиот претседател и со Шон Конери или Роже Федерер.
Вториот круг од претседателските избори во Франција се одржува на 24 април.