Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енвер Казаз: Скица за хорниката на ненормалното

0
By Нова ТВ on November 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога францускиот филозоф Алан Бадју од својата дефиниција на настани како нешто што го менува поредокот на законите во друштвената заедница би го набљудувал нашиот регион, би заклучил: Сѐ е исто од војната до денес. Регионот значи глуми движење кон друштвен напредок, а тој се одложува за иднината како фантазма за приклучувањето кон Европската Унија.

Овдешните држави, особено Србија, БиХ и Косово опстојуваат во состојба на незавршена војна, додека во Хрватска нејзината победничка војна е глорификувана вредност во која се сомневаат само оние кои копнеат за ментална слобода.

Војната е префрлена од бојното на политичкото поле во кое наместо разум триумфира национализам, кој ги држи ови земји во постојан политички конфликт. Во БиХ тоа толку јасно се гледа во немоќта да се реши уставната криза и да се спроведат пресудите на меѓународните и домашните судски институции за дискриминацијата на етничките малцинства и граѓаните кои се изјаснуваат како други, без шанса да се кандидираат за претседателството на оваа несреќна земја. Србија и Косово се заглавени во неможноста да постигнат каков-таков мировен договор. Исчекорите што ги направи Северна Македонија, која дури го смени името на државата, и Црна Гора на нејзиниот пат кон ЕУ, не им гарантираат стабилност. Тоа го покажаа последните избори во Врна Гора, кои тамошното друштво го раскинаа на идеолошка основа.

Завршувањето на триестгодишнното владеење на Мило Ѓукановиќ не донесе друштвена стабилност, туку судир меѓу политичките елити, кој тие го толкуваат како борба меѓу Србите и Црногорците. Македонските десничари, пак, ги мрзат македонските левичари, обвинувајќи ги за национално предавство, а тоа што во Хрватска се доведува во прашање Туѓмановото идеолошко наследство, автоматски подразбира изложување на обвинувањата за национално измама.

Национализмот, значи, е регионална политичка состојба и можна трајна судбина.

Овдешната транзиција која би морала да биде премин од социјалистичко во капиталистичко друштво, не е ништо друго туку претворање на друштвената во приватна сопственост. Тоа, повеќе или помалку значи легален облик на грабеж и производство на нови класни конфигурации. Конципирана како превземање на правниот поредок на ЕУ и системот на стандарди, таа произведе класен јаз и голем број на граѓани кои живеат под долната граница на сиромаштијата. За тоа не се зборува како бадјуевски друштвен настан, но тоа е тоа и по обемот на друштвената промена и нејзините последици. Така транзицијата, стана своевидна акумулација на социјална лутина, како што би рекол германскиот филозоф Питер Слотердијк. Никој не знае кога таа лутина би можела да експлодира и во која насока би можела да оди. Власта во неа не гледа друштвена неправда, туку опасност по националното единтство. Лесно би можело да се случи сиромашниот слој на луѓе поради своите барања за социјална правда да бидат прогласени за национални предавници.

Затоа пандемијата која ја предизвика еден вирус е најголемиот друштвен настан во региониот, по војните од деведесетите години од минатиот век, па наваму. Таа ја разоткри бедата на овдешниот транзициски капитализам, кој од короната ги бранеше здравствените системи, а не граѓаните, исто така како што покажа како политичките олигархии можат за час да се претворат во провинциски диктатури. Пандемијата ја претскажа и кризата на глобалниот капитализам кој наместо да вложува повеќе во здравствените системи, вложуваше во воената индустрија, сокривајќи го милитаризмот зад паролите за демократија, борба за човечки права и слободен пазар.

Капитализмот во светот ѝ се прилагоди на пандемијата, искористувајќи ја за нова камелеонска еволуција, а регионалниот капитализам го покажа своето криминално лице преку многубројните афери. Короната во меѓувреме напредуваше, покажувајќи како друштвото лесно ја нормализира смртта.

Медиумите кои на почетокот на пандемијата ширеа паника денес го стивнуваат дискурсот за короната со паролата за „новото нормално” зад кое се кријат нови видови на контрола на поединецот.

Здравствената состојба за час стана клучен услов за човековата слобода. По сето ова, ништо веќе не може да биде нормално, затоа што во новата контрола на поединецот, предмет на санкции не се само неговите мисли и делување, туку и здравјето. Таму каде државата би требала да се грижи за поединецот, таа го контролира,  докажувајќи дека репресијата има безброј облици.

Затоа стравот од корона вирусот е симптом на ненормалноста на капиталистичкото општество. Според тоа во паролата „ново нормално“ треба да се чита структурната позадина на капиталистичкиот постафактен свет. Во неа е е скриен глобално раширениот вакцинирачки национализам, кој не е жед за нов облик на глобален хуманизам, туку сурова борба за профит. Капиталистот заработува и на болести, а човековото здравје директно зависи од неговото богатство. Сиромашните немаат исти права на здравје како капиталистичката класа. Затоа на глобален план и нема реформи на здравствените системи, ниту свест дека по корона пандемијата на корона вирусот не чека уште поголема криза – онаа што ќе ја предизвикаат климатските промени.

Чекајќи ја вакцината, човештвото, всушност го чека новиот победник на глобалната капиталистичка сцена. А регионот го живее своето крваво минато како постојана проекција за иднината.

Текстот е преземен од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.