Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ер-Би- Ен-Би“ ќе воведе построга контрола за камерите за надзор во имотите што се изнајмуваат ширум целиот свет

0
By Marija Todorovska on March 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Агенцијата за наоѓање туристички сместувања и изнајмувања, „Ер-Би-Ен-Би“ (Airbnb) објави дека воведува построга делумна забрана и контрола за употребата на камери за надзор во имотите што се изнајмуваат ширум целиот свет.

Промената на практиката на компанијата стапува во сила на крајот на следниот месец, а целта е поедноставување на правилата за безбедност, како и да ѝ се даде приоритет на приватноста на гостите. Корисниците на „Ер-Би-Ен-Би“ претходно многупати изразија загриженост за непристојна употреба на камери во становите и куќите што се изнајмуваат.

„Овие промени беа направени по консултации со нашите корисници, домаќините и стручњаците за приватност. Ќе продолжиме да бараме повратни информации за да се осигураме дека нашите политики функционираат за нашата заедница ширум светот. Со оглед на фактот дека повеќето огласи на ‘Ер-Би-Ен-Би“ не спомнуваат поседување камери за надзор, се очекува овие промени во политиката да придонесат и за помалку огласи на платформата“, соопшти официјалниот претставник на агенцијата.

„Ер-Би-Ен-Би“ во мигов дозволува користење камери за надзор во заедничките, простории како дневни соби и ходници, сé додека тие се наведени во огласот.

Новите правила забрануваат и надворешни камери насочени кон внатрешноста на зградите. Агенцијата за интернет-изнајмувања простор нема да дозволува камери во приватни простории, како што се спални соби и бањи. Сепак, новите правила дозволуваат камери кај влезовите, во ѕвончињата, како и уреди за следење звук во заедничките простории. Овие уреди ќе мора да бидат наведени во огласот.

„Ер-Би-Ен-Би“ истакнува дека се бара рамнотежа меѓу потребите на домаќините за безбедноста на нивниот имот и недозволените забави и, од друга страна – приватноста на гостите. Објавата доаѓа неколку дена откако американската емисија „Сатурдеј најт лајв“ (Saturday Night Live) прикажа сатирична лажна реклама со шега за камера скриена во тоалет.

Airbnb безбедносни камери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.