Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно-Карабах, изјави вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Мораме да бидеме многу силни за Израел во Палестина да не може да го прави тоа што го прави сега, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, фалејќи ги резултатите од индустријата за оружје.
Како што влеговме во Карабах и Либија, можеме да направиме нешто слично, рече Ердоган во телевизискиот говор. Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија на прашањата за неговата изјава.