Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган лесно ги изгуби нервите

0
By Нова ТВ on January 19, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БАХА ЃУНЃОР

Со сила против мирните демонстранти, корупција во врвот на власта и неуставен удар врз правосудството- премиерот на Турција полека ги отпушта уздите.
Реџеп Таип Ердоган сигурно поинаку го замисли билансот на својата работа во 2013. година. Наместо да се зборува за завидната стапка на економски раст, стабилната домашна валута или се поголемо значење на Турција како регионална сила, прашањето кое се поставува повеќе не гласи дали туку кога тој ќе замине од власт.

Лидерот на конзервативно-религиозната партија АКП располага со мнозинството во парламентот и уште од својата прва изборна победа во 2002. година, можеше да владее според своја волја, без опозиција која би морал сериозно да ја сфати. Сепак, Ердоган направи грешка, како и многумина други влијателни лидери пред него- верува дека е безгрешен. Со текот на времето се помалку ги трпеше критиките на негова сметка, а новинарите, интелектуалците и политичарите, кои не го делеа неговото мислење, завршуваа во затвор. На долги затворски казни се осудени дури и водечки генерали на турската армија, обвинети дека подготвувале државен удар против него.

Наместо да се развие во голем политички лидер, на крилjата на успехот во Турција и во странство, Ердоган во летото 2013. започна со демонтирање на самиот себеси. Пресметката со демократските сили и со граѓанските организации, до која дојде на истанбулскиот плоштад Таксим, а се поради еден градежен проект, покажаа дека тој веќе одамна ги загубил нервите.

Нервите конечно го издадоа во текот на откривањето на корупцискиот скандал, се уште незапаметен во 90-годишната историја на модерна Турција. Кога обвинувањата за перење пари, шверцување злато, илегални банкарски трансакции со Иран и плаќање мито за добивање градежни дозволи го достигнаа и врвот на власта, Ердоган се обиде да пресече.

Сепак, смената на 10 од вкупно 26 министри во владата не успеа да го запре развојот на случувањата. Турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на еврото и доларот. Сега и Врховниот суд му ги замрси конците и го прогласи за правно неважечки декретот со кој тој се обиде да им ги врзе рацете на полицијата и на правосудството, така што ги обврза дека мораат на претпоставените да им ги јавуваат сите детали за истрагите кои ги водат.

Ако Ердоган стане политичка жртва преценувајќи се себеси и ако замине од власт, алтернативите кои се нудат не значат ништо добро за оваа држава од НАТО сојузот. Бидејќи не постои веродостојна и силна опозиција. Најсилен противник на премиерот е имамот Фетула Ѓулен кој му се одмаздува на Ердоган поради намерата под сопствена контрола да ги стави училиштата и заедниците на движењето на Ѓулен. Овие училишта се “ковачници на кадри” на ова движење, а самиот Ѓулен веќе 13 години живее во САД и не се осмелува да се врати во Турција.

Ѓулен е религиски лидер. Неговите цели се нејасни, исто како што на почетокот беа нејасни целите и на самиот Ердоган. Дали тој се залага за воспоставување на “божја држава” во која Коранот би бил Устав? Сака ли да даде доказ оти религијата и демократијата можат меѓусебно да се надополнуваат и така од Турција да направи модел за останатите исламски држави и заедници?

Оној кој ќе падне во жива кал, никако не би смеел да се обиде самиот да се извлече од неа. Претањето со рацете и нозете само води до натамошно пропаѓање, а акцијата за спасување ја прави потешка. Ердоган прета веќе со месеци. Акцијата за негово спасување, која би му озовможила да остане на власт, така станува с? потешка.

(Авторот е уредник на програмата за турски јазик на Дојче Веле)

Превземено од неделниот весник Глобус

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.