НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Нема да дозволиме Шведска и Финска да влезат во НАТО, нека не доаѓаат да нè убедуваат

0
By Sashko on May 16, 2022 СВЕТ
Фото: atalayar.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја е членка на Северноатлантската алијанса, денеска изјави дека нема да дозволи Шведска и Финска да влезат во НАТО, пренесува Хина.

Ердоган на прес-конференција рече дека шведската и финската делегација не мора ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат Анкара да го поддржи нивното барање.

„Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно“, рекол Ердоган, пренесува Хина повикувајќи се на РИА Новости.

„Како да им веруваме? – Шведска е плодна почва за терористички организации“, рече шефот на турската држава.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска претходно изјави дека нејзината земја ќе поднесе барање за членство во НАТО.

„Владата одлучи да го информира НАТО за волјата на Шведска да стане членка на Алијансата. Напуштаме една ера за да влеземе во нова“, рече Андерсон, еден ден по објавувањето на кандидатурата на Финска.

Ердоган уште во петокот рече дека Турција нема позитивно мислење за можното членство на Финска и Шведска во НАТО.

„Турција нема позитивно да го поздрави приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО“, нагласи Ердоган, оквалификувајќи ја иницијативата како грешка.

„Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации“, изјави Ердоган по петочната молитва во Истанбул.

Турција традиционално ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО за натамошно проширување. Сепак, Анкара задржа неутрална позиција во украинската криза и ја презеде улогата на посредник, одржувајќи канали за комуникација со двете завојувани страни.

Од почетокот на конфликтот, Анкара понуди да посредува меѓу двете страни и да биде домаќин на мировните преговори, нагласувајќи ја својата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.