Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Максимално да се искористи новата динамика во процесот на проширување базиран на заслуги 

0
By Zoran Ivanov on December 20, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имајќи ја предвид новата динамика во процесот на проширување во согласност со принципот за пристапување засновано на заслуги, и Унијата и земјите аспиранти за членство имаат одговорност максимално да ја искористат оваа можност, се наведува во заклучоците од денешниот Самит на ЕУ одржан во Брисел.

– Потсетувајќи се на своите претходни заклучоци и на Декларацијата од Гранада од 6 октомври 2023 година и во согласност со неговата Стратешка агенда, Европскиот совет ја нагласува континуираната важност на проширувањето како геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Европскиот совет ги поддржува своите заклучоци за проширување одобрени на 17 декември 2024 година, се потенцира до документот.

Лидерите остро ја осудуваат „хибридната кампања на Русија“, која вклучува саботажи, нарушување на критичната инфраструктура, кибер напади, манипулации со информации и мешање и обиди за поткопување на демократијата, вклучително и на изборните процеси во Европската Унија и нејзините земји членки.

Европската унија и земјите членки ќе продолжат да ја зајакнуваат својата отпорност и целосно да ги користат сите расположливи средства за спречување, одвраќање и одговор на хибридните активности на Русија, се наведува во заклучоците во кои се поздравува усвојувањето на првите санкции поврзани со дестабилизирачките активности на Русија.

Европскиот совет ја поздравува одлуката за укинување на контролите на внатрешните копнени граници меѓу Бугарија и Романија и останатите земји од Шенген зоната од 1 јануари 2025 година и нагласува дека ги поддржува Стратешките насоки за законодавно и оперативно планирање во областа на слободата, безбедноста и правдата усвоени на 12 декември 2024 година.

Лидерите на ЕУ го поздравуваат успешното спроведување на претседателските избори и референдумот за ЕУ во Молдавија и покрај „хибридните активности на Русија за поткопување на демократските институции на земјата“.

Ја поздравуваме посветеноста на граѓаните на Република Молдавија на европската интеграција. Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со Република Молдавија за да ја подобри отпорноста и стабилноста на земјата и да ги поддржи нејзините реформски напори на нејзиниот европски пат, вклучително и преку спроведувањето на Планот за раст за Република Молдавија и брзото усвојување на Механизмот за реформи и раст. Европскиот совет ја повикува Комисијата итно да ги разгледа понатамошните начини за обезбедување помош за Република Молдавија во зајакнувањето на нејзината енергетска безбедност, се вели во заклучоците од последниот овогодишен Самит на ЕУ.

Во врска со Грузија, Европскиот совет ја повторува својата сериозна загриженост за активностите на грузиската Влада „спротивни со вредностите и принципите врз кои е заснована Европската Унија“ и изразува жалење поради одлуката на властите да го суспендира процесот на пристапување на земјата во ЕУ до 2028 година.

Европскиот совет остро го осудува насилството врз мирните демонстранти, политичари и претставниците на медиумите. Грузиските власти мора да го почитуваат правото на слобода на собирање и на изразување и да се воздржат од употреба на сила. Сите акти на насилство мора да бидат истражени и одговорните треба да одговараат. Европскиот совет ја нагласува подготвеноста на Унијата да ги поддржи европските аспирации на грузискиот народ и патот на земјата кон ЕУ, доколку грузиските власти го сменат сегашниот курс на дејствување, се нагласува во документот.

Во врска со Венецуела лидерите ја повторуваат својата загриженост за ситуацијата во земјата и повикуваат на ослободување на сите политички затвореници.

Венецуела мора да ги исполни своите обврски според меѓународното право. Европската унија ќе ги мобилизира сите инструменти што и се на располагање за поддршка на демократијата и мирна и инклузивна транзиција во Венецуела.

Во заклучоците се додава дека лидерите направиле преглед на напредокот во спроведувањето на нивните одлуки за миграцијата и ја нагласија потребата од посветување особено внимание на надворешната димензија на миграцијата, на спроведувањето на законодавство на ЕУ за ова прашање, на спречување и спротивставување на нерегуларната миграција, на олеснување, зголемување и забрзување на депортацијата во безбедни земји на потекло и на зајакнување на борбата против инструментализацијата на мигрантите, трговијата со луѓе и шверцот.

Европскиот совет ја поздравува намерата на Комисијата да поднесе законски предлог за депортација на почетокот на 2025 година, ги повикува институциите на ЕУ да им дадат приоритет на досиејата со миграциска димензија, се наведува во документот.

Во делот од заклучоците од расправата за улогата ма ЕУ во светот се нагласува дека Советот одржал стратешка дискусија за глобалниот ангажман и приоритетите на Унијата во тековниот геополитички контекст.

Советот врз основа на извештајот „Побезбедно заедно: Зајакнување на цивилната и воената подготвеност и подготвеност на Европа“ на поранешниот фински претседател Саули Нинисто, ја потврдува важноста и итноста од зајакнувањето на капацитетите за отпорност, подготвеност, спречување кризи и обезбедување на зголемениот број на природни катастрофи поради климатските промени и деградацијата на животната средина.

Надоврзувајќи се на Стратешката агенда и заклучоците на Европскиот совет од јуни 2023 и март 2024 година, Европскиот совет смета дека е потребна засилена и координирана воена и цивилна подготвеност и стратешко управување со кризи, во пристапот за сите опасности и целото општество. Ова треба да се направи во синергија со НАТО онаму каде што е релевантно, на инклузивен и недискриминаторски начин и без да се нарушува специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји членки и земајќи ги предвид безбедносните и одбранбените интереси на сите земји членки. Овој нов начин на размислување за подготвеност е неопходен за да се зајакне отпорноста на ЕУ, да се заштитат нејзините вредности, да се заштити нејзиниот економски успех и конкурентност и да се прилагоди на климатските промени, се додава во заклучоците.

Лидерите натаму ја охрабрува работата за подобрување на отпорноста, подготвеноста, капацитетот за спречување кризи и одговорот на нив и повикуваат да продолжат активности на ниво на Унијата за поддршка на земјите членки. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.