Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови правила – нови рестрикции за авио багажот

0
By Zoran Ivanov on August 29, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смее да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, а личниот предмет, како што се чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара да се стави под седиштето пред вас.

Аеродромите во Европската Унија од 1-ви септември ги променија правилата за рачен багаж, а тие се однесуваат на течности и електронски уреди што ги носат патниците. Причината се новите скенери за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите што користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на стариот модел поради што се очекува метеж бидејќи самата проверка ќе трае подолго.

Европската комисија ги повика сите аеродроми привремено да ги користат старите модели, пишува.

Ова значи дека аеродромите што ги користат новите C3-скенери, кои обично им дозволуваат на патниците да оставаат течности и електронски предмети во своите торби додека се скенираат и кои ја отстранија потребата од ограничување од 100 милоилитри за секоја течност, аеросол или гел, ќе се вратат на постарите методи на преработка, пренесува.

Ефективноста на новите скенери беше доведена во прашање со техничкиот извештај испратен од Комисијата до Европската конференција за цивилно воздухопловство минатиот мај, во кој беше наведено дека тие не може да ја гарантираат доверливоста на скенерот за контејнери со капацитет поголем од 330 милилитри.

Така, почнувајќи од оваа недела, аеродромите во ЕУ што го користат скенерот C3 ќе се вратат на традиционалните уреди за рендген.

Кои се сега правилата за течности и електронски уреди што ги носиме во авионот?

За жал, се вративме на шишињата од 100 милилитри во затворени пластични кеси и ги вадиме електронските уреди за скенирање.

Ако сте на аеродром што има скенери C3, сепак треба да го спакувате рачниот багаж на ист начин како пред неколку години – да нема големи шишиња крем за сончање и да го оставите големото шише парфем дома или да го спакувате во куферот што поминува на „чек-ин“.

Максималната дозволена тежина на рачниот багаж ќе биде 10 килограми, а секој патник ќе може да земе еден рачен багаж и еден мал личен предмет.

Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смее да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, а личниот предмет, како што се чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара да се стави под седиштето пред вас.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.