НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ постигна договор за штедење на гас – потрошувачката се намалува за 15 отсто од 1 август до 31 март

0
By Sashko on July 26, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) постигнаа политички договор за вонредни заштеди во потрошувачката на гас за претстојната зима, соопшти Советот на Европа.

„Договорено е од 1 август во 2022 година до 31 март во 2023 година, потрошувачката на гас да се намали за 15 отсто“, се вели во соопштението по договорот за вонредни заштеди во потрошувачката на гас кој е постигнат во услови на можен целосен прекин на снабдувањето со овој енергенс од Русија за земјите-членки.

„Ова не е невозможна мисија. Министрите постигнаа политички договор за намалување на побарувачката за гас пред претстојната зима“, објави чешкото претседателство со Советот на ЕУ на Твитер.

Земјите-членки на ЕУ се согласија да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти од 1 август 2022 година до 31 март 2023 година, во однос на просечната потрошувачка во последните пет години, со можност сами да одлучат како ќе го направат тоа, соопшти Советот на Европа.

Европската комисија (ЕК) минатата недела предложи кризен план кој предвидува итни мерки насочени кон енергетската безбедност на целата Унија во случај на „веројатното сценарио“ Русија целосно да го прекине снабдувањето со гас за земјите-членки.

Урсула фон дер Лајен ја поздрави политичката одлука на Советот на ЕУ со која се прифаќа предлогот за намалување на потрошувачката на гас во Европа.

„Се работи за одлучен чекор во соочувањето со целосен прекин на снабдување со гас. Благодарение на денешната одлука, Европа е подготвена да се справи со својата енергетска безбедност како Унија“, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК во писмена изјава потсети дека Советот на ЕУ постигна договор во рекордно време, врз основа на предлогот на Комисијата насловен „Заштедете гас за безбедна зима“.

„Колективната заложба за намалување за 15 проценти е многу значајна и ќе нѝ помогне да ги наполниме складиштата пред зимата“, наведува Фон дер Лајен.

Таа додаде дека усвоениот предлог, кој предвидува можност за прогласување „вонредна состојба во ЕУ“ што ќе предизвика задолжително намалување на потрошувачката на гас во земјите-членки, дава силен сигнал дека ЕУ ќе направи сè што е потребно за да обезбеди безбедно снабдување и заштита на потрошувачите, без разлика дали се домаќинства или индустријата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.