НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ утре воведува нов сет на санкции кон Русија

0
By Sashko on April 5, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија (ЕУ) планира да предложи постепено и задолжително укинување на увозот на јаглен од Русија, како директен одговор на извештаите дека руските сили извршиле очигледни воени злосторства во Украина, тврдат извори за „Блумберг“.

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на Твитер објави список со санкции што ЕУ утре ќе ги воведе против Русија:

– Забраната за увоз на јаглен од Русија, во вредност од четири милијарди евра годишно, со што се намалува уште еден важен извор на приходи за Русија

– Целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки, вклучително и ВТБ, втора по големина руска банка

– Забрана за руските бродови да пристапуваат до пристаништата на ЕУ и забрана за руски и белоруски превозници во патниот сообраќај

– Натамошни забрани за извоз, во вредност од 10 милијарди евра, во клучни области: напредни полупроводници, машини и транспортна опрема

– Нови посебни забрани за увоз, вредни 5,5 милијарди евра

– Целни мерки, како забрана за учество на руски компании во јавните набавки и исклучување на каква било финансиска поддршка, ЕУ или националните руски јавни тела

Европската Унија засега нема планови за санкционирање на нафта или гас. Но, земјите од Унијата се длабоко поделени околу следните чекори, а некои влади продолжуваат да бараат барем сигнал дека блокот сака да го намали увозот на руска нафта, истакна еден извор.

Неколку земји, меѓу кои Германија и Унгарија, се спротивставија на продолжувањето на санкциите за енергетскиот сектор на Русија, но обвинувањата дека руските трупи убиле многу невооружени цивили при повлекувањето доведоа до нов притисок од некои членки на источниот блок да воведат такви санкции.

Одобрувањето на пакетот и забраната за увоз на јаглен бара поддршка од сите 27 земји-членки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.