Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ во борба против зависноста од рускиот гас – се бараат нови извори на енергија

0
By Нова ТВ on March 29, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на Русија да го припои Крим ја зголеми одлучноста на Европската унија да ја намали зависноста од рускиот гас и нафта.

Лидерите на Европската унија се согласија да го забрзаат барањето за безбедни извори на енергија. Европа купува околу 30 отсто гас од Русија и многу политичари на Европската унија се плашат дека тоа на Москва дава преголемо влијание.

Европската унија постигна напредок во поглед на енергетската безбедност по кризата со гасот во 2006 и 2009 година, кога споровите меѓу Киев и Москва по повод неплатените сметки доведоа до пореметување на извозот во западна Европа. Меѓутоа, Брисел до сега не успеа да го намали рускиот удел во европските енергетски резерви.

– Денес испраќаме јасна порака дека Европа ги забрзува напорите да ја намали енергетската зависност, посебно од Русија и тоа со подобрување на енергетската ефикасност, диверсификација на изворите за снабдување до Европа и внатре во нејзините граници и ширење на извори на енергија, посебно обновлини – порача претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Европската унија се надева дека долгорочниот одговор на решавањето на проблемот со зависноста од рускиот гас може да се најде во северноамериканските резерви на шкрилци. САД моментално се најголем светски производител на природен гас и Европа сака Америка да почне да го транспортира преку Атлантикот како течен природен гас, т.е. ТПГ.

– Многумина сметаат дека евентуалната одлука на САД да извезува гас добиен со фрекинг, за што им треба инфраструктура, може да биде основа за создавање на различни извори на енергија – рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Аналитичарите пак укажуваат на голем број на пречки. Течниот природен гас поради трошоците за транспорт би бил поскап од рускиот. Противниците на таа идеја во САД велат дека не треба да се извезува евтиниот гас од шкрилци, затоа што тој ја прави Америка поконкурентна. Диверсификацијата на енергетските извори сепак е клучна за промена на европскиот геополитички однос со Русија, вели проф. на Градскиот универзитет во Лондон, Ален Рајли.

– Создавање на единствен пазар на гас, увоз на природен течен гас од Катар, можеби и американски во следните неколку години, префрлување на јаглен. Сега постои голема корист од американскиот јаглен, кој во САД ја замени гаста од шкрилци. Постојат многу опции.

Иан Бонд од организацијата Центар за европски реформи се согласува.
– Треба да се разгледаат други извори како Катар и Алжир, т.е. извори на течен природен гас. И можеби, подолгорочно гледано, треба да се убедат Германците повторно да ги активираат нуклеарните електрани, што значително би ја намалила побарувачката за руски гас.

Грција минатиот јуни потпиша договор за изградба на гасовод, преку кој би се доставувал гас од Азербејџан до Европската унија, што претставува директна алтернатива на увозот од Русија. Меѓутоа, трансјадранскиот гасоводот т.е. ТАП нема да биде оперативен до 2019 година. Европа поради низа алтернативи, има предност, смета Иан Бонд.

– Русија е многу зависна од приходите на продажбата на гас во Европа. Најмалку половина од националниот буџет е профитот од продажбата на јаглеводород на Европа. Точно е дека во зима Европа би се смрзнала попрво од што би банкротирал Гаспром, но во тек на летото континентот има поголемо влијание.

Меѓутоа, многу аналитичари предупредуваат дека цената сепак е одлучувачки фактор за многу европски купувачи на гас. А Русија и понатаму ниди најевтин извор на енергија, дури и додека Европа ја критикува политиката на нејзината влада.

ИЗВОР: Гласот на Америка – САД

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.