Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ воведува нови бариери – граѓаните од земјите кои не се членки ќе влегуваат со најава и со плаќање

0
By Mirjana on June 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За неколку месеци ќе се променат процедурите за влез во Шенген зоната: Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) и придружниот систем за влез/излез (EES) ќе станат оперативни. 

Според Европската комисија, двете програми имаат за цел „да ја зајакнат внатрешната безбедност“, да се борат против илегалната миграција и да го спречат прекуграничниот криминал и тероризам, се наведува во документот.

EES ќе се користи за регистрирање на патници од трета земја секој пат кога ќе ја преминат надворешната граница на ЕУ. Системот ќе го регистрира името на лицето, видот на патната исправа, биометриските податоци (отпечатоци од прсти и слика на лицето), како и датумот и местото на влез и излез. Ќе може да регистрира одбивања за преминување на границата, поефикасно да ги идентификува оние кои задоцниле со престојот во земјата и да идентификува случаи на измами со документи и лични карти.

Базите на податоци ETIAS и EES ќе бидат „поврзани“ една со друга. Дополнително, овие обемни биографски и биометриски податоци на ЕУ, вклучувајќи ги сите визни датотеки, ќе бидат достапни за користење во реално време од граничните власти низ Шенген зоната. На пример, ако некое лице не замине за една земја и замине во друга, тоа веднаш ќе биде регистрирано и испратено до граничните органи на Шенген-државата што го издала документот. На овој начин, системот EES ќе го олесни патувањето на објективните  патници од трети земји.

На пример, ќе биде можно да се скенираат пасош и отпечатоци од прсти за да се избегне средба со граничен чувар. Уредите ќе го скенираат пасошот, лицето и четири отпечатоци од прсти на секој патник. Дозвола за влез или излез ќе се даде автоматски – по анализа на електронската „датотека“ на посетителот.

Построгите правила за влез во шенген-зоната на ЕУ за граѓаните од трети земји, меѓу кои е и Македонија и сите земји од Западен Балкан, првенствено Унијата планираше да ги воведе од 01.01.2022 година. Но, поради пандемијата и доцнењето на системот за автоматизирана вкрстена проверка на податоците од апликантите со базите на иформации на Европол, тој се одложи за втората половина на годинава. Проблем беше и недостигот од персонал но и строгите правила и закони за споделување доверливи информации на скандинавските земји. 

Со стапувањето во сила на системот ЕТИАС во 2022 година, секој од патниците од земјите на Западен Балкан, како и од САД, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија,  ќе мора најмалку 48 часа пред патувањето електронски да аплицира, што подразбира електронско пополнување формулар во кој треба да се впишат лични податоци, како и информации за патувањето.

Во Европската Унија нагласуваат дека влез ќе им биде одобрен на сите што не ги прекршиле внатрешните правила на ЕУ и не претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните од земјите-членки на Унијата.
Издавањето на електронските документи ќе чини седум евра, односно шест фунти, а ќе биде бесплатно за помладите од 18 години и за постари лица од 70 години.

Затоа повеќето аналитичари ценат дека покрај зацврстувањето на внатрешната безбедност на Шенген зоната, европските институции со овој нов систем за патување ќе ги збогатат и своите буџети и дека ова наликува на нов визен режим.

Мирјана Трпческа

За неколку месеци во Шенген зоната ќе се патува со изменети услови.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.