Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУтаназија

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Предраг Блогојевиќ, „Јужне вести“, Србија

„Се надевам на добра дискусија со медиумските професионалци и заинтересираните страни од регионот и меѓународната заедница..“, напиша европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во воведот на брошурата за конференција одржана минатата недела во Тирана, организирана од европската администрација.

Неутралниот назив „Медиумски денови“ беше добра основа за разговор за сите важни теми на репресија на владите на балканските земји, додека географското ограничување на западниот дел на балканскиот полуостров дозволи Турција да не ги фрли во сенка сите сериозни инциденти во Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и особено во Србија.

Самиот собир, како организатор и домаќин, го отвори токму Јоханес Хан. Нагласувајќи ја важноста на медиумската слобода како една од „клучните вредности на Европската унија, која претставува камен темелник на процесот на проширување“.

Сепак, и покрај тоа што беше организатор и домаќин, комесарот Хан веднаш по својот и говорот на премиерот на Албанија, Еди Рама, а пред почетокот на првиот панел „Медиумите како сила на трансформацијата во европските интеграции“, на изненадување на големиот број учесници, стана и го напушти собирот.

Тоа се случи непосредно пред Бранко Чечен од Центарот за истражувачко новинарство на Србија, да добие збор и се обиде да укаже на проблемите на новинарите во Србија, и да побара појасна и појавна поддршка од Европската унија, додека неколку десетина учесници на собирот, со маици на кои пишуваше „ЕУ направи повеќе“, за цело време на неговото излагање стоеа. Не станаа тогаш само колегите од Србија, туку и од Црна Гора, Босна, Косово и европските земји…

Но, додека Хановата постапка, Бранковиот говор и поддршката на колегите беше тема за разговор во текот на паузата, во соседната сала, одвоена со метална решетки, под будното внимателно обезбедување во црни одела, на најдалечната маса седеа Хан и останатите челници на ЕУ, организатори на собирот.

Решетките кои не раздвојуваа беа декоративни и секако не беа поставени заради безбедност, но ни беше фасцинантна симболиката на она што во тој момент го симболизираа.

Да резимирам, свечените говори на челниците на ЕУ на разни конференции не вредат ни трошка, се додека тие во нивните јавни настапи балканските автократи ги нарекуваат „свои пријатели“, а од новинарите бараат „доказ за цензура“.

Тогаш уште посериозни стануваат заклучоците на ЕУ, дека актуелните влади „гарантираат стабилност на Балканот“ (звучи познато?). Така излегува дека заради наводниот мир, Европа ќе ја жртвува слободата на говорот и владеењето на правото, една од своите најголеми вредности.

Толерирањето на диктатура, самоволие, корупција, правно насилство, гушење на граѓанските слободи… заради наводно „очекување на стабилност во регионот“, во себе може да содржи „ЕУ“, но само како почетни букви на еутаназијата на сите оние идеи поради кои веруваме во Европската унија.

#EUdoMore #ForMediaFreedom

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.