Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека 50 жени, деца и постари лица денеска се евакуирани од челичарницата Азовстал во Мариупол.
Таа, истовремено, ја обвини Русија дека постојано го крши локалниот прекин на огнот и додаде дека евакуацијата, поради тоа, е исклучително бавна.
Во размената со Русија се вратени 41 затвореник.
„Русија предаде 41 затвореник, меѓу кои 28 војници во размената на затвореници со Украина“, изјави денеска вицепремиерката Верешчук.
Таа на Телеграм напиша дека и е „особено драго што меѓу оние кои се вратени во Украина е и високиот претставник на Украинската православна црква“.