Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа не може да живее со браќа што не си зборуваат

0
By Zoran Ivanov on November 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што ја држи Македонија пред прагот на Европа не е историјата, туку стравот. Стравот да се прифати дека другиот има свое име и своја вистина. А стравот, пријателе, не е словенска доблест. Тој е наследство од векови страдања и поделби под туѓа власт.

Радован М. Спиридонов

Последниве години гледаме нешто чудно и болно: наместо приближување, меѓу Македонија и Бугарија расте ѕид од недоверба. Наместо да се разменуваат искуства и идеи, се разменуваат условувања и сплеткарења. Европа зборува за „добрососедство“, а меѓу нас недовербата стана секојдневие.

Од бугарска страна, некои гласни политичари и јавни личности го градат својот углед со порекнување на Македонија. Од македонска страна расте заморот, но и инаетот!

Јас припаѓам на поколение што нема спомени од војни, но го носи нивниот одглас во секој разговор. Не сакам да мразам, ниту да молчам со недоверба. Затоа решив да ти се обратам, не како политичар, не како стручњак, туку како човек на човек.

Пријателе мој,

Меѓу нас нема морски бездни, туку планини од напластени трауми. Историјата нè однела по различни патишта, но не го искорнала нашиот заеднички словенски корен.

Често велиш дека Македонија не постои со свој народ, дека нашиот јазик е расипан бугарски, дека некој во Скопје кришум ја краде вашата историја. Затоа, ајде да зборуваме смирено и разумно.
Од Охридското Езеро до планината Витоша зборот се разлева како вода што се менува, но не пресушува. Јазичарите велат – дијалектен континуум. Нашите говори не се ѕидови, туку ткаење од иста преѓа. Ако македонскиот е „расипан бугарски“, тогаш книжевниот бугарски би морал да го наречам „расипан старословенски“.

Нашиот јазик почива на западните македонски говори. Бугарскиот, пак, е изграден врз источните. Се разликуваме во членувањето, заменките, глаголните облици, акцентот, градењето на реченицата, стилистиката и што уште не. Но, ти пишувам на македонски јазик бидејќи се разбираме! Тоа не е проклетство, туку дар. Да се каже дека писмово е „расипан бугарски“ не е знаење, туку инает. По таа логика, норвешкиот би бил расипан дански, а словачкиот само расипан чешки. Македонскиот и бугарскиот се како две реки што потекнуваат од ист извор, но течат во различни насоки.

Сега знам што ќе речеш: „Гоце, Даме, Ѓорче биле Бугари! Па само погледни ги нивните изводи и свидетелства“. Да, нашите револуционери учеле во бугарски училишта, пишувале на вашето писмо, се молеле под закрила на Егзархијата. Зарем е чудно!? Небаре имале безброј високи школи во османлиската пустош… секако ќе отишле кај најблискиот брат.

Во османлиско време зборот „бугар“ не означувал народ, туку бил верско-управен поим во рамките на народните заедници (милетите). Тоа значело: славјански православен човек под духовна управа на Бугарската егзархија. Значи не народност, туку верска припадност… кон вашата Егзархија. Кога тој свет се распадна, секој дел од Балканот тргна да ја бара својата душа. Македонците не се одрекоа од вас, само пронајдоа свој глас.

Прав си кога велиш дека Бугарите оставиле голема трага во Македонија. Без бугарската просвета и црковна дејност ќе останевме слепи при очи меѓу хеленистичката црква и отоманската власт. Но влијание не значи присвојување. Тоа било политичко планско влијание за здобивање со територијално проширување. За споредба, средновековна Бугарија ја црпеше својата сила од Ромејското царство, но никој не вели дека е „производ на Цариград“. Така ни Македонија не е „производ на Бугарија“.

Науката одамна го знае тоа: народите и државите се создадени во времето на просветителството и револуциите. Ако Македонија е измислица, тогаш и Бугарија, и Србија, и Грција се. Тоа не е навреда, туку сведоштво дека сите сме деца на модерното време. Не сакам да ја повредам Бугарија. Сакам да ја разберам.

Како земја што го дала Иван Вазов, Лиса Багрјана или Георги Господинов, зарем може да се плаши од јазик што ѝ е братучед? Како народ со уметност на византиска смиреност, словенска добрина и европска дисциплина може да се стравува од една придавка – „македонски“?
Ние сме две гранки на исто дрво. Твојот пат не го брише мојот, ниту мојот твојот. Имаме заеднички корен, песни и светци, но различна судбина. Денес, кога Европа се мачи со сопствената совест, нашата кавга изгледа бедно. Ако не научиме повторно да разговараме, ќе останеме заложници на минатото.

Она што ја држи Македонија пред прагот на Европа не е историјата, туку стравот. Стравот да се прифати дека другиот има свое име и своја вистина. А стравот, пријателе, не е словенска доблест. Тој е наследство од векови страдања и поделби под туѓа власт.
Затоа, пред нови договори и ветувања, да почнеме со збор. Со човечки збор. Да се сетиме на идеалот на словенските просветители: „Пријателе, нека живее твојот збор, како што живее мојот.“

Само тогаш Европа ќе престане да биде карта и ќе стане заеднички дом, дом на народи што се разбираат без предрасуди, што си зборуваат со срце, а не со страв.

Да го признаеш тоа не те прави помал Бугарин, туку поширок човек. А ние, Македонците, ќе продолжиме да зборуваме со нашиот глас – роден од оваа земја, со своја мелодика и своја светлина.

Со почит и братска надеж,
Твојот македонски пријател.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

колумна Радован М. Спиридонов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.