Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа не успеа да ја убеди Украина да направи историски чекор кон Запад

0
By Нова ТВ on November 29, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Украинскиот претседател Виктор Јанукович во последна минута ги блокираше обидите на ЕУ за потпишување на трговскиот договор кој требаше да биде финализиран денес на самитот во Вилинус и кој, јавува Ројтерс, ќе беше историско свртување на Украина од Русија.

По третиот самит на Источното партнерство помеѓу ЕУ и шесте екс советски републики – Украина, Грузија, Молдавија, Белорусија, Еременија и Азербејџан – резултатот за ЕУ не е многу позитивен. ЕУ потпиша два договори за асоцијација со Грузија и Молдавија и договор олеснување на визниот режим со Азербејџан. Но не дојде до потпишување на договор со Киев со кој односите во последните месеци се затегнати.

«Украинскиот претседател не е подготвен да оди подалеку кон интеграцијата со ЕУ», изјави летонската претседателка Далиа Грибаускаите која беше домаќин на самитот во Вилниус. Таа исто така го обвини украинското раководство дека избрале «пат кој не води никаде».

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Олан за прекинот на преговори ја обвинија Украина но додадоа дека вратата на ЕУ пазарот останува отворена.

Јанукович од своја страна изјави дека и понатаму има намера да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ во иднина бидејќи неговата земја има потреба од финансиска помош. Поранешната понуда на ЕУ за 600 милиони евра Јанукович ја нарече «понижувачка». На самитот во Вилниус тој ги наброја економските потреби на Украина и додаде дека цените на гасот што неговата земја треба да и ги плати на Русија се високи. Меркел рече дека Европа ќе и даде гас на Украина, која е зависна од руското снабдување, иако способноста на Европа тоа да го прави во долг период се лимитирани.

На редицата средби на Јанукович со европските лидери тој бараше трилатерален договор помеѓу Москва, Киев и Брисел но ЕУ инсистираше дека тоа не е можно бидејќи асоцијативните договори се билатерални.

Јанукович има за цел да ја модернизира Украина и да овозможи подобар живот за 46те милиони жители на земјата а договорот со ЕУ за оваа земја ќе го отвореше широкиот европски пазар.

Но Киев е зависен од Русија за извозот и снабдувањето со гас па соочен со барањата на Москва одлучи засега да не го потпишува договорот со ЕУ.

Освен тоа, Брисел од Киев бара реформи во судството а еден од европските услови е и пуштањето на слобода на Јулија Тимошенко. Украинскиот парламент требаше да усвои закон со кој Тимошенко ќе можеше да биде ослободена но ова ветување не беше исполнето. Самата Тимошенко од затворот побара од Европа да го потпише договорот со Киев без услови за да и помогне на земјата.

Денешниот неуспех ја предизвика лутината на проевропската опозиција која протестира веќе неколку дена. «Бараме промени, сакаме да живееме со европското семејство, со европски правила и европски стандард», вели Витали Кличко, еден од шефовите на опозицијата.
Финалниот заклучок на ЕУ од самитот во Вилниус ја подвлекува огромната поддршка на граѓаните на Украина за политичка и економска интеграција со ЕУ.

ЕУ тврди дека договорот за асоцијација е се уште на маса и дека може да биде потпишан и во февруари 2014 година на самитот помеѓу ЕУ и Украина.

видео: TheWorldNews247
Фотографија: Ројтерс-Васили Федошенко

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.