Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето

0
By НОВА ТВ on October 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки сè уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина.

– Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата Стефан Де Кирсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со предлогот да се запре со поместување на стрелката на часовникот секоја последна недела во март и во октомври.

Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер го предложи за целата Европска унија во 2018 година, оставајќи им на членките да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.

Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите -членки. Во моментов нема индикации дека предлогот може да ја добие нивната поддршка.

– Работата сега е во рацете на земјите-членки, рече портпаролот Де Кирсмакер.

Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но оттогаш ништо не се случи.

31 октомври Европската комисија часовник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.