Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европол разби голема хакерска мрежа

0
By Marija Todorovska on May 23, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хаг: Голема меѓународна операција против кибер криминал, наречена Операција ENDGAME, сериозно ги погоди глобалните мрежи за откупни софтвери (ransomware), соопштија Европол и Евроџаст.

Во периодот од 19 до 22 мај, властите од повеќе земји укинаа околу 300 сервери ширум светот, неутрализираа 650 домени, издадоа 20 меѓународни налози за апсење и запленија 3,5 милиони евра во криптовалути.

Оваа операција е продолжение на најголемата меѓународна акција против ботнети од мај 2024 година. Овојпат фокусот беше на малициозен софтвер за почетен пристап (initial access malware) – алатки кои хакерите ги користат за незабележано да влезат во системот и да подготват терен за напади со откупни софтвери.

Нападите со откупни софтвери се форма на кибернетички криминал во која напаѓачите ги заклучуваат податоците на жртвата и бараат откуп во замена за повторно отклучување. Вообичаени цели се болници, училишта, компании и локални власти.

Малициозниот софтвер (malware) е општ назив за злонамерен софтвер кој се користи за инфилтрација, кражба на податоци или саботажа на компјутерски системи.

Го погодивме самиот извор на нападите, истакна Европол.

За време на акцијата биле неутрализирани малициозните софтвери Bumblebee, Lactrodectus, Qakbot, DanaBot, Trickbot и Warmcookie.

Овие видови злонамерен софтвер често се продаваат како услуга на други криминалци, кои ги користат за инфилтрација во мрежите на жртвите пред да почнат големи напади со откупни софтвери.

Германските власти соопштија дека од денеска 18 клучни осомничени ќе бидат додадени на листата на најбарани лица на ЕУ. Се сомнева дека токму тие се одговорни за развојот и дистрибуцијата на малициозен софтвер со кој криминалните групи добивале пристап до мрежите на жртвите.

Следниот голем извештај на Европол за кибер криминал – IOCTA 2025, кој излегува на 11 јуни, ќе има посебен фокус на посредниците за почетен пристап (initial access brokers), најавуваат од Европол. Станува збор за лица или групи кои продаваат пристап до компромитирани мрежи, а кои често се прв чекор во синџирот на дигитален напад.

Оваа фаза ја покажува способноста на полицијата да се приспособи и да возврати дури и додека криминалците се реорганизираат, изјави Кетрин Де Бол, извршна директорка на Европол.

Со разбивање на клучните услуги што ги користат групите за откупни софтвери, го прекинуваме синџирот на напади уште на самиот извор, додаде таа.

За време на неделата на операцијата, во седиштето на Европол во Хаг беше формиран команден центар, каде истражители од Канада, Данска, Франција, Германија, Холандија, Велика Британија и САД работеа заедно со експерти од Европол и Евроџаст.

Операцијата ENDGAME продолжува, нагласи Европол

Европол хакерска мрежа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.