Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска комисија: Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија

0
By Zoran Ivanov on July 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија изразува Европската комисија (ЕК) во годишниот извештај за владеење на правото.

Северна Македонија имаше неколку реформски бранови во правосудството и усвои нова стратегија во правосудството за да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста. Сепак, независноста на судството и институционалниот капацитет да се заштити од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост. Нивото на утврдената независност на судството е многу ниско“, пишува во извештајот, пренесува РСЕ.

ЕК ја истакнува и загриженоста за независното функционирање на Судскиот совет. Исто така, нотира и дека одлуките за именување и судии и обвинители биле критикувани од граѓанското општество поради сомнежи дека не се засновани на објективни критериуми.

Дополнително, се наведува и дека најавите на новата влада за распуштање на Судскиот и Советот на обвинители покренуваат сериозна загриженост кај ЕК.

Понатамошната имплементација на препораките на Оценската мисијата ќе го зајакне интегритетот на Советот и ќе го подобри неговото функционирање. Најавите од новата влада за нејзината намера да ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, покрена сериозна загриженост, бидејќи тоа би ја поткопало независноста на судството“, пишува ЕК во Извештајот за владеењето на правото во Северна Македонија

Во извештајот се забележува дека Врховниот суд под водство на претседателката Беса Адеми и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста.

Уште еден аспект на кој се осврнува ЕК во извештајот во однос на независноста на судството се парите.

Ограничените финансии кои се доделуваат во судството може да влијаат на неговата финансиска автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата“, нотира ЕК.

Европската комисија во извештајот забележува дека во Северна Македонија постои сеопфатна стратегија за борба против корупцијата, но заостанува нејзината имплементација.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.