Лекот Енхерту (Enhertu) на британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ и јапонската медицинска компанија „Даичи Санкјо“ (Daiichi Sankyo) е одобрен во Европската Унија (ЕУ), како монотерапија за лекување на возрасни пациенти со рак на дојка.
„Лекот е одобрен за лекување на пациенти со нересектабилен или метастатски HER2-позитивен карцином на дојка кои примиле еден или повеќе претходни режими базирани на анти-HER2“, велат од „АстраЗенека“.