Сите 27 членки на Европската Унија (ЕУ) ја одобрија забраната за увоз на руски јаглен, дрвени материјали и водка, јави агенцијата ДПА.
Европската Комисија во вторникот предложи нов пакет на санкции против Русија што денеска е одобрен од сите земји во блокот. Високи претставници на ЕУ рекоа дека во случај Русија да продолжиу со инвазијата во Украина, би можела да се донесе одлука за целосна забрана за сите фосилни горива од Русија.
За новите санкции да стапат на сила, потребно е да бидат објавено во службеното гласило на ЕУ. Станува збор за формалност која многу веројатно ќе биде објавена во текот на утрешниот ден.