Тетово: Европскиот фронт предводен од ДУИ усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од последните избори. По обраќањето на сите лидери на партиите, декларацијата ја прочита претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Потписници се политичките претставници на фронтот и истата, како што најавија оттаму, ќе биде пратена и до сите државни институции и меѓународни претставници.
Главнмата поента на Декларацијата е во пораката според која постизборниот легитимитет им припаѓа на политичките партии победници на изборите но единствено врз основа на етничката припадност. Конкретно од неодамнешните избори, на двете најголеми етнички „партиски победнички заедници – македонската и албанската“.