Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајнeнс тинк: Петтиот пакет одговара на реалноста во економијата, клучна е реализацијата на мерките

0
By Нова ТВ on February 17, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петтиот пакет мерки поврзани со кризата со КОВИД-19 е комбинација од мерки кои ги амортизираат загубите (мерки со социјален карактер) и стимулираат економско закрепнување (мерки со развоен карактер). Додека самото објавување на петтиот пакет мерки може да создаде позитивен сентимент во економијата, соодветната реализација е клучна за ефективноста на мерките (види Бриф бр. 44), поради што апелиравме во почетокот на јануари 2021 дека брзоплетото донесување следен пакет мерки без да се има предвид капацитетот за реализација на претходните и новите мерки, носи ризик од нецелосни резултати.

Ова го наведуваат од Фајненс тинк во објавениот став, во кој додаваат дека за поздравување е чекорот што подолгиот период на осмислување пакетот да одговара со тековната фаза на економијата, консултациите и сведувањето на обемот (во смисла на финансиската рамка) на пакетот на реалните околности, споредено со претходните четири пакети.

Од Фајненс тинк сметаат дека асбвенционирање плати „14.500 МКД по работник“ и бескаматни кредити насочени кон најпогодените е рано да се укине и ја поздравува одлуката да ја продолжи мерката за февруари и март 2021 година. Наведуваат дека според нивните пресметки од 14 јануари 2021, опфатот на мерката ќе биде околу 68 000 работници, со месечен трошок од 16.7 милиони евра, односно 33.3 милиони евра за двата месеца, што е во линија со проекциите на Владата. Притоа, под претпоставка дека процесот на вакцинирање значајно ќе напредува до јуни 2021, Finance Think укажува дека помошта преку мерката „14.500 МКД по работник“ за овие два месеци треба да се смета за последна.

Исто така сметаат дека исклучивоста помеѓу мерките „субвенции за плати од 14.500 МКД по работник“ и „бескаматни кредити за најпогодените сектори“ е соодветна. Но, укажува дека двете мерки не се неопходно целосно заменливи. Сметаат дека бескаматните кредити се однесуваат повеќе на фазата на закрепнување, фаза во која се’уште не се наоѓаат значаен дел од компаниите во туризмот и угостителството и дел од компаниите во некои гранки од преработувачката индустрија (кои тргуваат со земји кои се се’уште во значаен локдаун). Бескаматните кредити би предизвикале поттик во унапредувањето на технолошкото ниво, посебно кај извозниците во преработувачката индустрија. Дополнително, сметаат, бескаматни кредити како замена за поддршка на платите може да се понудат само со исклучително строга контрола на трошењето на тие средства за задржување на работниците, за што државата ќе треба да потроши многу ресурси (интензивен ангажман на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд), но без гаранција за крајниот ефект.

Од Фајненс тинк ја поздравуваат мерката за укинување и намалување на царински стапки и ревидирање на Царинскиот тарифник, која, како што рече, е во линија со нивните препораки од Студијата за политиките бр. 33. – Укинувањето и намалувањето на царинските стапки и усогласувањето на царинските стапки согласно ЕУ би предизвикало зголемување на инвестициите, производството и конкурентноста на извозниците во Северна Македонија. Дополнително, тие би ја направиле земјата поатрактивна дестинација за привлекување нови производни линии од матичните компании на извозниците присутни во Северна Македонија. Оваа мерка во иднина би можела да биде надополнета со укинување или намалување на увозни давачки за набавки на машини и опрема, што дополнително би ги зголемило инвестициите и конкурентноста на компаниите, истакнуваат од ФТ.

Фонд за поддршка на извозни компании, грантови за технолошки развој преку ФИТР, кредитни гаранции за мали и средни компании и мерки за дигитализација, според ФТ се исклучително значајни, со оглед дека содржат развојна компонента.- Иако извозниците значајно ги амортизираа загубите во доходот, посебно поради шоковите во надворешната трговија, сепак се соочија со одредени ограничувања (види Бриф бр. 45). Фондот за поддршка на извозните компании треба да ги има предвид тие ограничувања при канализирањето на поддршката. На пример, кредитните гаранции ќе овозможат надминување на ограничувањата во пристапот до финансии. Грантовите за технолошки развој би биле комплементарни на бескаматните долгорочни кредити при стимулирањето на технолошкиот напредок на компаниите. Мерките за дигитализација треба да го искористат притисокот од пандемијата врз компаниите да имплементираат долгорочни решенија за овозможување „работа од дома“, online продажба и др.

За предвиденото простување долгови Фајненс тинк укажува на потребата од голема внимателност при дизајнирањето на ваков тип мерки.

-Додека простувањето долгови може да биде есенцијално во амортизирањето на загубите и за товарот врз ликвидноста во текот на пандемијата, овие мерки се подложни на морален хазард. Ваквите мерки може да го променат однесувањето на примателите на помошта во поглед на нивната зависност од неа и нивно идно поризично однесување очекувајќи дека повторно ќе добијат ваква помош, стои во соопштението.

Во однос на мерката за поддршка на тутунари и извозници на грозје сметаат дека парцијалната поддршка на земјоделците создава погрешни очекувања за постојана компензација на незадоволството од пазарните услови кај одделни групи производи, за коишто пак и не постои гаранција дека се тесно и директно поврзани со Ковид-19 кризата. Порачуваат дека наместо тоа, кон фактот дека земјоделскиот сектор беше еден од најпогодените од кризата треба да се пријде со прилагодување на тековните мерки, за тие да ги опфатат и земјоделците, особено мерката „14.500 МКД по работник“, како и кредитните гаранции, фондот за извозници и евентуално воспоставување еднократни грантови за мали земјоделски стопанства.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.