НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фајненшл тајмс“: ЕУ се откажа од плановите за забрана за бродската индустрија да превезува руска нафта

0
By Sashko on May 10, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел се откажа од своите планови за забрана на бродската индустрија на Европската Унија (ЕУ) да превезува руска нафта. Причината, како што објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ), е загриженоста на некои држави членки околу економски ефект на мерките.

„Европската Комисија (ЕК) се откажа од предлогот насочен на поморство што беше воведен во минатата недела, по жестокото лобирање на Грција и на Малта“, изјавија неколку извори што се упатени во преговорите за „Фајненшл тајмс“, пренесува „Индекс“.

Унгарија не даде поддршка за забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, дури и по разговорите меѓу премиерот Орбан и шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дознава „Фајненшл тајмс“.

Унгарија дополнително ја искомплицира ситуацијата, откако одби да поддржи ембарго за руска нафта. Фон дер Лајен, како што пишува „Фајненшл тајмс“, се обидела да го убеди Орбан да поддржи ембарго, нудејќи му дополнително време и потенцијална финансиска поддршка.

Унгарија е меѓу земјите кои се надеваат на подолго временски период за постепено воведување на забрана, а бара и финансиска поддршка од ЕУ во транзицијата од руски фосилни горива на инвестиции во алтернативна инфраструктура.

„Будимпешта е, исто така, вознемирена што ќе стане многу зависна од нафта што се црпи преку нафтоводот во Хрватска во случај на ембарго“, пишува ФТ.

Фон дер Лајен на Твотер напиша дека нејзиниот разговор со Орбан бил „корисен за разјаснување на прашањата во врска со санкциите и енергетската безбедност“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.