НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фајзер“ интензивно работи на годишна вакцина против ковид-19

0
By Sashko on April 4, 2022 СВЕТ
Фото: nbcboston.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Потребна ни е годишна вакцина и интензивно работиме на тоа“, вели извршниот директор на „Фајзер“, Алберто Бурла во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Бурла објаснува дека повторувањата на дозите се заморни за луѓето и го намалуваат нивото на вакцинација.

„Во овој момент, во средина со „Омикрон“, не е сигурно дека имунитетот од постоечката вакцина ќе трае една година, дури и по четвртата доза. Не е сигурно ниту за новата вакцина која ќе ги покрие сите мутации. Но, знаеме што можеме да направиме за да создадеме годишна вакцина. И на овој дел работиме многу интензивно“, истакна извршниот директор на „Фајзер“.

Дополнително изрази надеж дека набргу ќе биде готова новата вакцина што ќе ги покрива и мутациите и додаде дека е реална целта тоа да се случи пред следната зима.

Говорејќи за третата и за четвртата доза, рече дека постои огромна разлика меѓу оние кои не примиле бустер доза, за која истакнува дека дефинитивно е потребна, но и ако е минато многу време по третата, треба да се прими и четврта доза.

Тој истакна дека животот на луѓето во наредната година ќе биде блиску до нормалата пред пандемијата, објаснувајќи дека тоа не е само поради вакцините или фактот дека луѓето се уморни, туку затоа што сега постојат терапии, кои не се однесуваат само на последните фази, односно тешко болните.

„Веќе имаме терапии за сите. Ако се разболете од ковид, можете да земете апче и да избегнете болница, каде што веќе ќе се прима еден од десет што се хоспитализираат сега. Разликата е огромна и во голема мера ќе ги намали сериозноста на симптомите, приемите во болница и смртните случаи“, вели Бурла за „Катимерини“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.