Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фарса на преговори Груевски- Заев: Свет полн со слепци

0
By Биљана Секуловска on July 4, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целава оваа фарса на преговори, божем Груевски навистина сака да преговара, додека си намигнува сам на себе и на своите и притоа се разбира дека мисли дека целиот свет е благо ретардиран (се извинувам ако некого навреди овој термин, кој е напишан сосема во друг контекст), значи оваа фарса од преговори заличува на тажен, збркан и депресивен роман, онаков како што само може да биде едно генијално дело на драгиот Мишел Уелбек.

Видете, Уелбек знае со кого си има работа во овој циничен, проклет свет, затоа и ја напиша последната книга, која можете како сакате да ја толкувате, но секогаш ќе бидете во право ако заради нашиов писател одлучите да ги презирате т.н интелектуални елити, мнозинството се разбира, но замислете се, навистина се вредни да ја завртите главата кога ќе дојде време да го делите воздухот со нив.

Имате право и да не се согласувате со Уелбек, многу да не се согласувате, тогаш кога го буди во вас поривот да го замолчите, да престане да зборува и да пишува, за онаа негова одбојност, неприфаќање на Исламот, Муслиманите, тогаш кога ги исцрпува сите аргументи и како едноставно да не може против себе (можеби е моја лоша проценка)- освен огорчено да ги пречкрта од мапата.

Но, добро, има една фина поента неговата последна книга, една од многуте поенти, онаа кога го опишува кутриот социјалист Франсоа Оланд, кој никако да се снајде во обожувањето, обземеноста на Франција со Муслиманското братство, кое победува на изборите и ја претвора и доведува земјата во очајна положба, но, што да се прави, прашува Уелбек, кој им е виновен што не можат да препознаат кога доаѓаат хаосот и катастрофата? Смешни стравувања на Уелбек, нели, кога катастрофата, каменот одблиску паѓа, само нека се сепне и доволно нека се преплаши од тврдата, крајна десница на Франција на Ле Пенови, која одамна чука на прозорците и истерува се што не е чистокрвен француски производ.

Е да, токму тоа и ние не знаевме да го препознаеме, барем не на почетоците, првите години кога бевме уљуљкани во оние бајки за технократот, невиното лице, дури наивно во целата оваа џунгла каде мислевме- сиромашкиот нема шанси со целиот тој опозиционен партиски блок, граѓански сектор, новинари, генерации на расни интелектуалци, грижливо одбрани и негувани според строгите критеруми на претходниот режим.

Што да се прави не знае ни самиот Уелбек, кој крева раменици кога ќе го заболи стомакот од слепата, неспособна за проценка интелектуална аристократија во Франција: “Таквата заслепеност не е единствена во историјата: тоа го имаме кај интелектуалците и новинарите вo 1930 година, кога еднодушно биле уверени дека Хитлер најпосле ќе се вразуми”.

Се враќаме на почетокот. Заев, кој е претставник буквално на целата опозиција, на граѓанскиот блок, од нив некои неодамна прогледани, како слепците опеани низ историјата, тој Заев, е соочен со една фина, извесна иднина, филигрански извезена од Груевски. Не само што мора да преговара, туку и во целиот пакет мерки за превоспитување, му виси и судскиот процес за Пуч, па да не биде пресиромашно менито за Шутка, има и галантна понуда и за уште еден процес- оној за Поткуп.

А во меѓувреме, Груевски мртов сериозен преговара, кобајаги страшно заинтересиран, загрижен за демократијата, па седнал и ги рецитира пред странците реформските зафати на Владата, кои се разбира дека ќе ги спроведе, тој уште вчера почнал, ги убедува, што сте такви скиснати, ги прашува загрижено, да не е Заев во прашање, јас секако не сум. Тој мисли дека странците се слепи или малку како да не се од тука па не разбираат вакви балкански драмолетки, тие мислат дека ќе му помине него слепилото, еве, пред вразумување сме, но, да му дадеме на процесот (и на човекот) уште една шанса, нема смисла. Нека им биде, додека не дојде Викторија Нуланд, мора нешто и да се работи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.