НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фатмир Скендер мина за уставен судија на собраниската Комисија за избори и именувања

0
By Sashko on June 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. По гласањето, претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска ја прекина седницата и закажа нејзиното продолжение за утре во 11 часот.

Освен Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на Тања Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство кои се предложени од владеачките партии, како и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија, Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за избори и именувања, по повеќе од еден час работа, не започна со расправа за деветте предложени кандидати за уставните судии. Пратениците дебатираа за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да има поединечно претставување на кандидатите пред пратениците, што беше надгласан.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова рече дека проблемот кој се јави со нефункционирањето на Уставниот суд, а кој е многу важен фактор во градењето на демократијата, владеењето на правото, заштита на човековите права, може да се надмине ако во измените на Деловникот се предвиди одредба шест месеци пред истекот на мандатот на уставните судии, да почне собраниската постапка.

„Не треба да дојде до вакуум во работењето на Уставниот суд. Ние сме директни соучесници во кршењето на владеењето на правото, односно ние сме фактор во на оневозможување на функционалното работење на Уставниот суд, но и на други институции. Да иницирам уште едно прашање. Одговорно тврдам дека нема држава во која има Уставен суд, а нема закон за Уставен суд. Но, ние сме таа држава“, нагласи Силјановска Давкова.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека биографиите на кандидатите се сувопарно парче хартија на кого му недостасува личноста која би се обратила во живо.

„Сметам сетам дека ваквиот начин на одлучување ќе остави можност за недоволна запознатост на сите членови и заменици-членови на комисијата со кандидатите и нема да знаат за кого да гласаат. За тие кандидати за кои лично не ги познавам нема да можам да гласам за и ќе гласам против кои не ги познавам лично бидејќи се работи за сериозна институција“, рече Милошоски.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека се приклучува кон истите тези на Милошоски за избор на уставните судии, бидејќи немаат прилика лично да ги видат кандидатите.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии.

Кацарска по состанокот предупреди дека ако Судот до крај на годината не биде комплетиран, тогаш на државата ѝ се заканува уставна криза.

Уставниот суд во моментот работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 13 мај, по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии, ја почна процедурата за избор на нови уставни судии.

На дневен ред на седницата е утврдување и на Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ и друго.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.