Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФАЦ: Ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата

0
By Ivana on December 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија би можела со години да го блокира приклучувањето на Северна Македонија во ЕУ, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во текстот со наслов „Софиското фалсификување на историјата“.

Бугарија е пред добивање нова влада, а во Брисел се надеваат дека земјата ќе се откаже од ветото за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, наведува во текстот весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и појаснува дека владата на Борисов ги спречила преговорите со образложенија „кои не само Брисел ги смета за апсурдни“.

– Скопје би морало да признае дека македонскиот јазик е всушност само бугарски дијалект и дека македонската нација се развила од бугарството, бара меѓу другото Софија. Но, кој верува дека само со промена на владата во Бугарија повторно ќе се врати разумот и дека бизарните академски дебати нема веќе да стојат на патот на ЕУ-политиката на Балканот, тој може да се излаже. ‘Спорот за името’ помеѓу Атина и Скопје ја спречуваше западната интеграција на балканската држава повеќе од четврт век, пред во 2018 година да биде решен со преименувањето на Македонија во Северна Македонија. Бугарско-македонскиот историски спор би можел да трае исто така многу години, наведуа весникот, пренесува „Дојче веле“.

Според ФАЦ, Кирил Петков, кој се смета за иден премиер, важи за прагматичен човек кој гледа напред и кој не сака да се загуби во честакот на балканските дебати за историјата.

– Но, и тој мора да има обѕир кон коалициските партнери, меѓу другите и кон делумно националистичката Социјалистичка партија. А, не само за нејзините приврзаници важи: бугарското нерасположение кон Северна Македонија е подлабоко отколку што тоа им се чини на многумина кои гледаат од страна. На националистичка линија по ова прашање е и претседателот на државата Румен Радев (како и неговиот претходник Росен Плевнелиев). Но, тоа порано во странство не паѓаше в очи поради тоа што бугарските позиции беа во сенка на гласниот грчко-македонски ‘спор за името’, наведува весникот.

ФАЦ натаму наведува дека Бугарија бара бугарското малцинство кое живее во Северна Македонија да биде спомнато во Уставот, и додава дека неопходното двотретинско мнозинство за такво нешто во Скопје можеби ќе се најде полесно ако Бугарија со децении не ги исклучува систематски сопствените граѓани кои се дефинираат како Македонци.

– Обесправувањето на (денес многу малото) македонско малцинство во Бугарија го преживеа распадот на комунизмот. Софија дури игнорираше повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права за да се држи до фикцијата дека во земјата нема македонско малцинство. Според претседателот Радев, Северна Македонија мора да го спречи и ‘говорот на омраза’ против Бугарија. Од ‘медиумите, музеите, јавноста и државната политика’ морало ‘да исчезне извртувањето на историјата’, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Весникот оценува дека Радев бара Скопје да ја цензурира дебатата во земјата, претставена како „говор на омраза“.

– Тоа се однесува на периодот од 1941 до 1944 година, кога Бугарија, во тоа време окупирала најголем дел од денешна Република Северна Македонија, како и делови на северна Грција, при што околу 7.200 Евреи во земјата од страна на бугарските окупаторски власти биле собрани во гетоа и депортирани во Треблинка. Сепак, Софија денес тврди дека се работело за ‘говор на омраза’ кога во Северна Македонија спомениците или спомен-плочите потсетуваат на времето на ‘бугарската фашистичка окупација’, наведува весникот.

– Фалсификувањето на историјата досега не е критериум за приклучување во ЕУ. Но, се чини дека Бугарите сакаат да го направат да биде критериум. На такво нешто Северна Македонија не може да се согласи веќе поради самото почитување на вредностите во ЕУ, заклучува ФАЦ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.